Колажи со фотографии сликани во стилот на домовите од аристократското „високо друштво“, покрај замоци и раскошни дворови, во чиј фокус е Аманда Сејфрид се дел од новата кампања на брендот Miu Miu. Русокосата актерка ги претставува креациите од колекцијата есен-зима 2016/17 на етикетата. Застапени се фустани со голи рамена, романтични модели со длабок В-изрез, палта со ретро принтови, џемпери со впечатливи бои, како и црвени влечки извезени со бисери. Покрај Амада во фотосесијата, снимена од Алесадар Мелилан се појавуваат моделите Ана Еверс, Даша Догушева, Дилија Мартинс, Џени Хаворт, Мајова Николас и Тејлор Хил.
Нема коментари