Модната куќа „Живанши“ тукушто објави дека Клер Вејт Келер е новиот уметнички директор и таа ќе го замени Рикардо Тиши на позицијата. Келер пред две седмици ја претстави својата последна колекција како дел од една друга париска куќа, Chloé, а од 2 мај ќе биде на главната дизајнерска позиција во брендот основан од Ибер де Живанши. Информацијата „Живанши“ ја објави попладнево на својот официјален Инстаграм профил.
-Самоуверениот стил на Ибер де Живанши секогаш ми бил инспирација, и многу сум благодарна за можноста да бидам дел од легендарната историја на куќата. Се радувам на соработката со тимовите во куќата и на пишувањето ново поглавје во оваа прекрасна приказна – изјави Клер Вејт Келер.
Келер ќе го наследи Тиши кој после 12 години поминати во „Живанши“, во јануари годинава најави дека си заминува од позицијата на уметнички директор и според гласините ќе продолжи во „Версаче“. Клер пак по шестгодишна успешна работа во „Клое“, отсега ќе биде задолжена за женската, машката, колекцијата на модни додатоци и за високата мода во куќата „Живанши“.
Нема коментари