Манекенката и актерката Дајан Кругер е заштитно лице на француски бренд на пијалoци Martell Cognac, а по повод 300-годишниот јубилеј на брендот сними фотосесија во познатиот кралски дворец Версај во близината на Париз. Фотографиите низ раскошните простории на дворец ги направи Мери Макартни.
Кругер како амбасадор на брендот ќе го води проектот Martell France 300 преку кој ќе се бараат 300 личности од целиот свет од областа на уметноста, модата, миксологијата и слично. „Бараме 300 талентирани личности кои ќе покажат исклучителен талент и амбиција во својата област, како и да бидат бастиони за современиот француски животен стил. Мислам дека оваа иницијатива за признавање на нови таленти е совршен начин брендот Martell Cognac да фо порослави својот 300-годишен јубилеј. Јас сум воодушевена што сум дел од проектот“, изјави Дајан.
Нема коментари