Живописниот колорит и цветните венчиња карактеристични за мексиканската сликарка Фрида Кало се основа на новиот едиторијал на „Страдивариус“ наречен Ready Steady Spring, со кој оваа пролет брендот препорачува да го оживеете вашиот стил со уникатни елементи. Инспирацијата од Кало се забележува во стајлингот во едиторијалот и манекенката нашминкана да потсетува на неа, но и на маичките на кои е ставен нејзиниот лик или мотив кој се повикува на работата на сликарката. Остатокот од облеката за пролет 2018 е во интензивно зелена, темносина и боја на циклама, а стилски креациите се широки панталони, долги мантили, пругасти блузи, плисирани здолништа и бел комбинезон.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари