Македонските дизајнери ги прикажаа своите креации пред дојранската публика во рамките на модната вечер „Дојран ресорт“ која се одржа вчеравечер на плажата на хотелот „Романтик“. На вечерта со хуманитарен карактер за жртвите од неодамнешните поплави, учествуваа Emili Exclusive Design, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Викторија Арсовска, Олгица Ѓоргиева и Studio Matra.
На самиот влез посетителите можеа да донираат финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош на жителите во загрозените подрачја од поплавите.
-Среќни сме што им овозможивме на жителите и на туристите да бидат дел од вакво модно шоу. Не заборавивме и на оние на кои сме им најмногу потребни после катастрофалните поплави. Општина Дојран веќе има свои екипи кои помагаат при расчистувањето од поплавите а со средствата кои ги собравме вечер , се надеваме дека ќе придонесеме барем малку да им се олесни состојбата на тие граѓани во овие тешки моменти – велат од Општина Дојран и Моден викенд Скопје кои стојат зад организацијата на проектот „Дојран ресорт“.
За шминката и фризурите на манекенките се погрижија Јована Коциќ и Фљореша Бајрами. Креациите ги потполнија чевлите од „Шантел“ (ГТЦ Скопје). Фотографиите од модната вечер ги потпишува Иван Петровски. Ревиите се дел од проектот.
„Дојран ресорт“ кој започна во јули годинава кога долж Дојранското Езеро беше поставена изложба составена од големи паноа со модни фотографии кои посетителите ќе можат да ги видат во текот на целата година.
Нема коментари