Високата мода, прикажана на актуелните модни случувања во Париз, Неапол и Рим донесоа креативни и уникатни колекции, богати со детали, везови, артситички доработки, уметнички елементи…драматичност. Најголемиот дел од нив останаа доследни на традиционалната рачна изработка, а само малкумина направија просторза воведување на технолошки иновации и т.н. паметни материјали и дизајни. Една од ретките што направи чекор напред беше Ајрис Ван Херпен со колекцијата Seijaku претставена на Неделата на висока мода во Париз. Креациите за есен-зима 2016/17 се револуционерни, иако холандската креатокра скромно вели дека тоа е многу силен збор, и дека повеќе би рекла дека ова е модна визуелизација на звукот. Нешто што досега ретко кој се обидел да го направи.
Моделите покрај иновативните ласерски сечени транспарентни материјали, имаат и оригинална форма. Како футуристички скулптури, тие се повеќедимензионални, како да лебдат во воздухот. На прв поглед се како направени од проѕирна хартија или стакло. И покрај несекојдневноста тие воопшто не се драматични или нападни, напротив со себе носат смиреност и хармонија. Колекцијата беше промовирана со звучна инсталација со Зен-овалните чинии на музичарот Казуа Нагаја. Тој создаде “seijaku” – јапонскиот збор за смиреност во услови на хаос.
Нема коментари