Австралискиот ланец на кафетерии Coffee by Di Bella стана препознатлив по различни волшебни и неретко екпериментални рецепти за кафиња, милкшејкови со вкус на „Тоблероне“ или „Кит кат“, „масала чај“, топло чоколадо со путер од кикирики, свои верзии на кафе мока, афогато, еспресо и други кафиња за кои се специјализирани. На менито во моментов има капучино за кое многу се пишува и зборува, Diamond Cappuccinо и Gold Cappuccinо, кафиња кои изгледаат токму така како што звучат - кафе со пена на која сјајат сребрени или златни шљокици. Блескавите честички на врвот на пената се направени од комбинација на бои од храна, шеќер и природен супресор и стабилизатор познат како „гума арабика“. Сите други сјајни декоративни честички кои не се „гума арабика“ не треба да се консумираат. Иако ланецот на кафетерии Coffee by Di Bella е австралиски, светкавото капучино прво почнало да се прави во неколкуте кафетерии на брендот во Мумбаи, Индија, а веќе се шири како тренд на глобално ниво. И да, кафето со шљокици е „трендинг“ на Инстаграм.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари