Британската манекенка Карен Елсон е дел од колоритната кампања за пролет-лето 2014 на креаторката Соња Рикел. Поп-ап фотографиите ги сними Крег Мекдин, кои се своевиден колаж од големи цртежи и Елсон во новите модни парчиња. Креациите се во препознатливиот париски ноншалантен стил на Рикел. Понудени се молив здолништа, припени за телото долги 10 центиметри под коленото, комбинирани со палтенце без јака, дол елек и свилена блуза, во пастелни тонови и со меки удобни материјали. Додатоците се минимализирани, а во очи паѓаат златните чевли. Елсон, која е позната по својата црвена коса, на сликите носи розова перика и е со креч-бело лице и црвен кармин.
Нема коментари