Кога ќе се спојат француската аристократија со highstreet моден бренд резултатот е „демократска“ шик колекција наменета за масовна публика. Луси де ла Фелаз, етерична модно свестена аристократка, поранешна муза на Карл Лагерфелд и заштитно лице на „Шанел“ во 80-тите години, а денес креативен амбасадор на Роже Вивие, се здружи со Uniqlo за потребите за нејзината прва колекција со потпис на јапонскиот гигантски бренд.
Иако стилот на Инес де ла Фресанж асоцира на луксуз и француски шик изглед, се чини дека аристократката и Uniqlo имаат нештo заедничко што се согледува токму во оваа колекција на квалитетни, но по цена достапни модни парчиња. Таа позира во креации кои се базични, едноставни и кежуал според философијата на брендот, но со боемски, опуштен париски шик кој произлегува од нејзиниот сопствен моден стил.
Колекцијата на Инес де ла Фресанж за Uniqlo како да е инспирирана од нејзиниот плакар и вклучува кошула-фустани, едноставни беж панталони, класични кошули, насликани марами и необични шапки. Заедничко во сите креации е црвената боја која се појавува во секој парче облека, макар и во вид на копче или пораб.
Нема коментари