Во морето од фотографии и хаштази на Инстаграм, со својата оригиналност отскокнува #thejustmarriedjacket. Тоа не е само збир на фотографии со невести во кожена јакна, туку е движење или сестринсво, што ги обединува невестите во светот. Иако веќе не е невообичаено невеста да одлучи на својата свадба врз венчаницата на облече црна кожена јакна, сепак, Силвија Вонг му даде поголемо значење на овој потег. На својата свадба минатата година одлучила да ја носи омилената кожена јакна. Сакала да го одбележи овој значаен момен во нејзиниот живот со едноставен нацрт со белона јакната,Just Married. Откако поминала свадбата и сфатила дека нема поента да ја носи јакната на која пишува “Штотуку венчани”, па решила да ја сподели на мрежите за изнајмување нешта. Одлучила да не бара пари за изнајнумавње на јакната, туку едно шише вино. Јакната им е дадена на располагање на невестите од среда до следниот вторник. Оттогаш дури 25 невести го носеле овој кожен модел на својата венчавка, а има и долга листа на чекање за следниот период.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари