Ако сакате да отпатувате на сензуално и романтично патување во срцето на азиската градина од соништата со помош на опоен мирис, тогаш парфемот Ananda Tchaï е томку за вас. Со потпис на престижниот бренд M.Micallef овој нов парфем е четвртиот од линијата Ananda и е спакуван во луксузно шишенце украсено со Сваровски кристали и златно капаче. Овој луксузен пафрем имавме можност да го впиеме на вчерашната ексклузивна презентација во скопската парфимерија Anabella Marriott, на која присуствуваа и творците на брендот, Џофри Нејман, експерт за парфеми, и неговата сопруга Мартина Микалеф, дизајнер и уметник. Џефри ни ја раскажа приказната за брендот основан во 1996 година во францускиот град Грас, кој се смета за светска престолнина на парфемите, а харизматичната Мартина на секој од гостите посебно им ги претставуваше мирисите и приказните за нивните парфеми.
Централно внимание беше посветено на новиот парфем, цветно-ориенталниот Ananda Tchaï, а на настанот на кој присуствувавме заедно со селектирани новинари, уредници, блогери и популарни личности, добивме персонализиран подарок на кој Мартина го изгравира нашето име. Од Џефри и Мартина слушнавме повеќе за скапоцената и софистицирана линија на парфеми, и за тоа како се креира мирисот од почетните чекори до дизајнирањето на шишенцето во кој е спакуван.
Ananda Tchaï на M.Micallef сега е достапен и кај нас, во Anabella во центарот на Скопје. Овој волшебно цветно-ориентален, топло-ладен мирис е како нежна магла, магична врвна мирисна нота пренесува свежина, која се преобразува во богат зачинет букет од зелен чај, хелиотроп, мускатно оревче, темјан, бибер, иланг-иланг и роза. Базните ноти полека се развиваат за неколку часа кои оставаат дрвенест мирисен траг, со вкус на ванила и килибар, што го потпишува крајниот израз на овој брилијантен фасцинантен мирис. Како врвна софистицираност на овa оригинално богатство, кое совршено легнува на дланката, е спектакуларното капаче кое евоцира на егзотична архитектура и пркоси на гравитацијата. Како и повеќето парфеми на M.Micallef и овој е луксузно спакуван и претствува вистинско уметничко дело.
Нема коментари