Модната куќа „Шанел“ 2017-тата ја прогласи за година посветена на основачката Габриел Шанел, во чест на легендарната креаторка во септември доаѓа новиот парфем – Gabrielle Chanel. Заштитно лице во кампањата за парфемот е американската актерка Кристен Стјуарт која сними промотивно видео. Во видеото режисерот Ринган Ледвиџ (Gone) хероината се ослободува од чаурата од газа, се пробива низ кошница со дијаманти и се појавува на едно прекрасно крајбрежје, како метафора за патувањето на Габриел Шанел, „бунтовничка во срце, која се ослободи себеси за да стане жената што сакаше да биде“. Во позадина се слуша песната Running на Бијонсе.
После 15 години пауза ова е прв нов парфем на „Шанел“. Светлата и оригиналната композиција, дело на парфумерот Оливие Полж, е подарок за Габриел Шанел и модното наследство што ни го остави зад себе. Gabrielle Chanel е микс на мирисни ноти на јасмин, тубероза и иланг-иланг. Покрај парфемот куќата „Шанел“ годинава претстави уште еден производ посветен на големата креаторка – чантата „Габриел“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари