Брендот за уникатен накит Windmillshop го почна добротворниот проект „Мама дизајн“ наменет за поддршка на самохраните мајки. Дизајнерката Марија Манева, која стои зад Windmillshop, ќе им помогне на самохраните мајки преку едукација и обука за изработка на накит од епоксидна смола. Обуката за сите учесници ќе биде бесплатна, а бројот на учесници е ограничен на 10 лица. По завршувањето на обуката, учесниците во проектот ќе изработат заедничка колекција на накит. Повикот за аплицирање е отворен до 15 октомври. Повеќе информации на фан страницата на Windmill Shop или на windmilljewelry@gmail.com
Нема коментари