Од време на време се појавуваат нови возбудливи модни идеи од кои се развиваат нови трендови, таков е случајот со оваа алка од колекцијата на „Нина Ричи“ за есен-зима 2015/16 прикажана неодамна во Париз. Дебитанската колекција на Гилем Анри како креативен директор на „Нина Ричи“ се одликува со класична, дискретна елеганција карактеристична за модната куќа, но дизајнерот вметна детали кои успешно ќе ја задоволат и помладата публика. Декоративен момент од новата колекција е ресестата алка, која навидув изгледа како златен ѓердан од долги синџири, но сепак е наменета за да се носи околу зглобот на раката. Слични верзии на алки веќе предложиле модните дизајнери, а Анри преку „Нина Ричи“ ја дополнува тенденцијата на носење на реси во секаква форма.
Нема коментари