Дејвид Бекам не за првпат се расоблече по боксерки за H&M, тој и шведскиот бренд соработуваат со години наназад, а тукушто е објавена и новата фотосесија за линиите Bodywear и Modern Essentials. Покрај тоа што рекламира долна облека, Бекам се појавува и на фотографии на кои презентира негова селекција на модерни, кежуал парчиња кои се есенцијални во машката гардероба. Бекам исто така сними видеореклама со познатиот филмски режисер Марк Форстер, а вчера беше објавено ексклузивно видео од снимањето на рекламата. „Воодушевен сум што ја продолжувам и проширувам мојата соработка со H&M со избирање на моите омилени парчиња од линијата Modern Essentials за оваа пролет. Секое парче е нова класика со која ќе ја освежите пролетната гардероба во голем стил. Марк Форстер е еден од моите омилени режисери и не можам да дочекам да се открие новата видеореклама за H&M“, изјави популарниот фудбалер
Нема коментари