Нанесувањето на туш на очите често е најтешкиот чекор од нанесувањето на шминката – да се постигне прецизна линија, мачешки поглед и што е најважно симетричност меќу левата и десната страна бара умешност, вежбање и безброј изгледани туторијали. Но, еве сега нова тенденција во нанесувањето на туш на очите која доаѓа после неколкуте верзии на графичката игра со линии која ја среќававме во последниве сезони – сега шминкерите предлагаат negative space. Техниката на негативен простор во шминкањето на очите значи повлекување на линии со туш или молив, така што ќе се остави празнина меѓу две линии или воопшто оставање празнина и недовршени линии.
Овој тренд од модните писти се префрли на црвениот килим и три девојки со стил одлично го презентираа – Лили Колинс на оскаровската забава на Vanity Fair имаше ваква шминка, како и Ема Вотсон на филмската премиера на „Убавицата и ѕверот“ и Зое Кравиц на неодамнешната модна ревија на Ив Сен Лоран во Париз. Лили и Ема имаат посуптилна варинта на овој начин на шминкање, додека трендот кај Зое е посмел и поизразен.
Еве уште неколку идеи за negative space шминка на очите.
Нема коментари