Холивудскиот хит „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ 3Д од четврток ќе се прикажува во скопските кина. Главните улоги ги толкуваат Бен Афлек, Хенри Кавил, Ејми Адамс, Лорен Коан, Џереми Ајронс и Џеси Ајсенберг, а филмот е во режија на Зак Снајдер. По титанската борба против генерал Зод, Метрополис е урнат до темел, а Супермен станува најконтроверзната личност во светот. Додека за многумина тој сѐ уште е симбол на надеж, сѐ поголем број луѓе го сметаат за закана за човештвото и бараат правда за хаосот што го донел на Земјата. Брус Вејн е загрижен затоа што моќта на Супермен станува опасна, па затоа ќе ја облече маската и ќе се обиде да ги исправи грешките на Супермен. Ривалството меѓу нив е големо, полно со огорченост и одмазда и ништо не може да ги одврати од меѓусебната борба. Сепак, се појавува уште поголема закана – Лекс Лутор, човекот што има поголема моќ од нив и намера да го загрози светот и да предизвика целосно негово уништување.
Нема коментари