Денеска од британскиот кралски двор стигна потрвда за свршувачката на принцот Хари, петти во линијата за наследство на британскиот престол, со американската актерка Меган Маркл. Веста за официјалната свршувачка беше проследена со фотографирање на среќната двојка во дворот на Кенсингтонската палата во која се очекува да живеаат, поточно во Sunken Garden, меморијална градина посветена на неговата мајка, принцезата Дајана. Хари избра уште еден детаљ посветен на својата мајка – дијаманти земени од брош на Дајана, кои се вметнати во вереничкиот прстен што самиот принц го дизајнираше. Големиот дијамант од прстенот е по потекло од Боцвана, африканска земја што на Хари особено му е при срце. Меган на своето прво службено појавување беше облечена во бел капут и носеше чевли со ремчиња околу глуждот. Актерката досега сме ја забележале по нејзиниот исклучително добар моден вкус, очекуваме да продолжи во тој стил и како член на кралското семејство.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари