Со корсетиран горен дел и долен дел со висока половина костимите за капење инспирирани од 50-тите години се единствениот модел кој одговара и изгледа добро на секого. Музичката ѕвезда Тејлор Свифт често ќе ја видите во ваков модел на костим кој ласка на секаква градба на тело, особено на оние со поголеми облини и гради. Корсетираниот дел овозможува доволна потпора за градите, а долниот дел со висока половина или еноделните модели ниско скроено кај колковите, стратешки ги сокриваат и преобликуваат деловите телото кои претставуваат најголем проблем кај жените, како стомакот и големиот задник. На ретро стилот се повикаа и големите дизајнерски имиња во делот на костими за капење, а предлагаат креации со точки, линии, принт и живи бои кои не навраѓаат на стариот холивудски гламур.
Нема коментари