Подготвувајќи ја новата колекција за модната куќа „Баленсијага“, грузискиот дизајнер Демна Гвасалија вели дека разгледал безброј фотографии кои опфаќаат колекции на легендарниот Кристобал Баленсијага направени во текот на 30 години. Сржта на колекцијата за есен-зима 2017/18, прикажана на Париската модна недела, Демна ја најде токму во архивските колекции на Кристобал, а во неа креативниот директор си поигра со пропорциите и кроевите, кои се предимензионирани, но прилагодени на модерното време. Гвасалија дава нов поглед на класиците на шпанскиот креатор и основач на куќата „Баленсијага“, но ја вметнува и својата лична естетика поради која стана еден од најистакнатите играчи во модната индустрија. Во колекцијата доминираат огромни карнери, ѕвонест облик, капути со необичен крој кои се закопчуваат на рамо, комбинации на јаки бои и чизми во форма на чорапи.
Нема коментари