Блогот за лежерна мода Skopje Casual ќе го прослави својот шести роденден на 3-ти март со забава во Кантина во Дебар Маало. Изминативе шест години, трите блогерки Александра, Калина и Ива активно работат на развивање на кежуал стилот во Македонија преку нивните објави, соработки со лежерни брендови и организирање на настани.
Традиционално, роденденската забава е место за опуштено собирање на сите кои ја сакаат лежерната мода и лежерниот стил. Темата овој пат се се ригите (stripes). Забавата започнува во 21 часот.
Нема коментари