Црниот качкет инспириран од капата на бродските капетани е едно од најносените модни додатоци меѓу трендсетерките на Instagram и Pinterest. Моделот, познат под името капетановата капа, која наликува и на моторџиските модели е во црна боја, со минимална стреа и спуштен тил. Одговара на сечија глава и лесно се вклопува во секој стил. Особено интересно се комбинира во есенските аутфити.
За време на модните недели во Њујорк, Лондон и Милано, можеа да се погледнат интересни стајлинзи со ова парче. Овој истовремено практичен и декоративен моден додаток е впечатлив и му дава париски шмек на сечиј изглед, дава лежерен и помалку момчешки дух. Овој модел може да се најде во традиционалните работилници за капи, во базарите и продавниците за модели од втора рака, но и новите колекции на популарните high street брендови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари