Тие што знаат да износат бело во зима, можат да носат сè. Оваа боја носи минимализам, романтичност и елеганција. Иако зимскиот период најчесто е резервиран за темни бои, црна, кафена, темносина, темноцрвена… а светлите тонови, особено белата најчесто се врзува со летниот изглед, сепак повеќепати се покажало дека во модата треба да се прават „ризици“ и повеќе да се екпериментира. Неочекуваните модни чекори може да резултраат со трасирање нов тренд. Така беше и оваа зима со белата боја. Покрај доминацијата на шарените бунди и капути со принт, и некаде меѓу розовите и сребрени модели, на улците на Њујорк, Париз, Лондон и Милано можеа да се видат отмени и безгрешни стајлинзи со бели капути или бели бунди. Посебно актуелни се долгите бели капути, кои се носат врз елегантна или деловна комбинација со високи потпетици, или со долги широки панталони. Имаше и неколку кежуал комбинации џинс и патики. Дел од капутите беа збогатени и со сивкасто крзно.Бундите најмногу се комбиираат со црна основа, припиен црн фустан или пак со кожени хеланки и бела кошула.
Нема коментари