Компанијата Пирели го откри кастингот за календарот за 2017 година составен од познати актерки и концептот дека „талентот е многу поважен од телото“. Слично како и ланската година, во новиот календар Пирели прави отсапка од ангажирањето на супермодели и презентирањето на разголени фотографии, и ги повика Никол Кидман, Пенелопе Круз, Ума Турман, Џулиен Мур, Кејт Винслет, Алисија Викандер, Хелен Мирен, Леа Сејду, Шарлот Ремплинг и други, да позираат пред објективот на Питер Линдберг како нови лица на познатиот календар. Просечната возраст на дамите е 44 години, изборот е базиран на талент и постигнат успех, а резултатот е инспиративен и тооолку поразличен од стандардните Пирели календари со голи девојки. Засега се објавени неколку фотографии направени зад сцената на фотосесијата и тизер-видео, а новото издание на култниот календар ќе се појави во ноември.
Нема коментари