Актерка, авторка, режисерка и хуманитарка, Анџелина Џоли семејно е мајка на шест деца и сопруга на Бред Пит со кого заедно го сними новиот филм By the Seaкој раскажува приказна за двојка која се обидува да го спаси бракот. Џоли е фотографирана токму со Бред и децата Медокс, Захара, Шајло, Пакс, Вивиен и Нокс во едиторијал за ноемврискиот број на американски Vogue. Фотографиите ги направи Ени Лејбовиц која ја фотографираше и за насловната страница на магазинотна Џоли позира на плажа облечена само во црно-бел џемпер од „Сен Лоран“. Во интервјуто за Vogue, Анџелина зборува за филантропијата, семејството, снимањето на заедничкиот филм веднаш по венчавката и признава дека како и сите други брачни парови имаат свои проблеми. „Филмот не е автобиографски. Јас и Бред имаме свои проблеми, но да ги имавме проблемите како парот од филмот, немаше да можеме да снимиме заеднички филм“, вели Анџелина за By the Sea, која покрај тоа што ја глуми главната улога, се јавува и како режисерка на филмот.
Нема коментари