Кога холивудските актерки се договорија да носат облека во црна боја на црвениот килим на „Златен глобус“, како симбол на поддршка на жртвите на секскуално вознемирување, се постави прашањето дали тоа ќе важи за бројните доделувања на филмски награди кои следат сè до Оскарите. Но, според црвениот килим на вчерашното доделува на наградите на критиката (Critic’s Choice), се чини дека тоа било само за еден настан. Затоа што овојпат актерките како спротивност на „Златен глобус“ ја избраа белата боја. Од белиот фустан со педуви на Анџелина Џоли до плисираната креација со детаљ на срце на Грета Гервиг, белата боја беше доминантен тренд на црвениот килим.
Нема коментари