Кејт Андервуд позира во кампањата на брендот Stradivarius за есен-зима 2015/16 облечена во шик креации во боемски стил. Фотографиите ги направија Бела Адлер и Салвадор Фреснеда, а клучни тенденции во тековната колекција се модели со вештачко крзно, топли ролки, здолништа со змијски принт, џинс, елеци со реси, шарени и фустани од тантела. Кампањата е наречена My Name is Cate по заштитното лице Кејт Андервуд, која покрај тоа што е манекенка, работи и како диџеј и блогерка.
Нема коментари