• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
деловен изглед 0

Модни навики поради кои може да добиете отказ

Од stylist @StylistMKD · На април 7, 2023

1

Изборот на деловна облека кажува многу за вашиот професионализам и сопствената грижа за претставување пред шефот, колегите или клиентите со кои соработувате. Идејата за стајлиш и шаренолика деловна облека се наметна во последниве неколку години, секако доколку не работите во премногу конзервативна канцеларија каде што има зацртан строг дрескод, но тоа не значи дека треба премногу да се опуштите и да се предадете на тотална лежерност и неуреден имиџ. Фармерките се прифатливи, но никако не смеат да бидат искинати, премногу тесни и украсени со апликации. Деловна облека не мора секогаш да значи само костим. Не е крај на светот ако облечете чевли со отворени прсти, ама не и премногу отворени сандали кои се сведуваат само на ремчиња. Покрај сево ова, првата работа што секоја деловна жена треба да ја сфати е дека не оди на свадба и не тргнала во ноќен клуб, па и облеката не треба да биде свадбарска или вечерна. Дури и кога таа работи во креативна индустрија или канцеларија со послободен дрескод, некои модни комбинации никогаш не треба да се носат на работа. Можеби лошиот моден избор не е причина за отказ, иако и тоа не е исклучено, ама секако влијание на комплетната перцепција за професионализам кај работодавецот. Еве некоку општи „забрани“:

1.Ништо што е толку кратко што местото му е во Лас Вегас Здолништа, фустани и во некои случаи подолги шорцеви се во ред за канцеларија, но секогаш имајте на ум дека треба да бидат со задоволителна должина – миди до колена е најприфатливата. На работа треба да проектирате доза на отменост, а не да ви се наѕира задникот.

2. Нешто што има длабоко деколте, транспарентна ткаенина, гол грб, тенки прерамки или прерамка околу врат Дами, едно прашање – зошто чувствувате потреба да се појавите во канцеларија во нешто што открива премногу од вашето тело? Молите за внимание, статус на секс симбол!? Внимание ќе добиете, но тоа нема никаква врска со професијата, а и озборувањата од колегите ќе ја засенат вашата работа. Исто така избегнувајте свилени блузи кои личат на неглиже, облека која бара да носите градник без прерамки, градник што се наѕира, а неносењето на градник е една од најкардиналните грешки.

2

Да, шорцевите се тренд, ама се неприфатливи за конференциска сала

3.Ништо што е премногу трендовско, светкаво и впечатливо Освен ако не работите во модната индустрија. Ама и тогаш внимателно со трендовските стилови како широки искинати фармерки, краток топ кој го открива стомакот, блуза со шљокици, тесни кожени панталони и чизми над колена. Играјте со трендовите, ама не со оние наменети за ноќен живот. Изберете на пример панталони со висок струк, сако со деликатен принт, здолниште кроено во круг или еднобојни килоти-панталони.

4.Ништо што е премногу кежуал НЕ за апостолки, спортски хеланки, џинс-шорцеви, фланелски кошули, ептен спортски патики, тренерки, биркенсток-сандали… Чувајте си ги овие парчиња за викенд прошетки и за во вежбална.

4

Мократа коса изгледа кул, ама на модна писта

5.Неуреден изглед во однос на хигиена и убавина Избегнувајте премногу јак парфем, бјути трендови како фризура со мокар ефект, премногу нагласена шминка на очи, долги нокти налакирани во разни бои и украсени со цветчиња, коса обоена во зелено, усни намачкани во неонска боја и премачкани со неколку слоја сјај… Сите овие трендови се толку нападни и ќе го нарушат кредибилитетот, особено кај постарите колеги. Секако, хигиената е на прво место, ама тоа веќе го знаете, нели?

6.Ништо што ги открива вашите танга-гаќички Никогаш, ама никогаш не треба да се открива ни милиметар од гаќите и останата долна облека. Точка!

6.Ништо што е наменето за маскенбал, свадба, ноќен клуб и одмор на тропска дестинација Многу ви се допаѓа новиот фустан со леопардов принт и со тенки прерамки што секаде би го носеле? Епа немојте секаде да го носите! Особено не на работа. Истото важи и за мрежести хулахопки, винилни ткаенини, туники за на плажа, свечени чевли со циркони, свадбарски фустани, откачени капчиња…

3

НЕ за искинатите фармерки

бизнис-стилделовна облекамодни грешки
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e деловен изглед

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

  • 0 деловен изглед

    Три деловни комбинации со сина кошула

  • deloven stil (1) деловен изглед

    Пролетниот фустан вметнат во деловниот стил

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics