Облечена во розов фустан од тантела, од пролетната колекција на британскиот бренд „Барбери“, ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Емилија Кларк, позира за насловната страница на магазинот Flare. Во едиторијалот, што ќе излезе во априлскиот број на списанието, 26-годишната актерка носи неколку модерни пастелни фустани, кои се секси и женствени, но истовремено имаат невина, ранлива нишка. Кларк, која ќе глуми во новиот „Терминатор“, важи за една од новите филмски модни икони, а се појави и на неколку насловни страници.
Нема коментари