• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Есенските новитети на Cliniquе претставени во Скопје

Од Катерина Трајановска · На ноември 14, 2017

1

Еден од најпродаваните и омилени американски брендови Clinique ги одушевува македонските клиенти со својот квалитет, историја и концепт, а деновиве имавме можност да ги запознаеме и новите производи благодарение на едукативната средба со харизматичната Глорија Мапилеле Тодоровиќ, професионалниот тренинг едукатор на Clinique за регионот. Таа од Загреб допатува во Скопје и во Парк Хотел ни ги претстави мицеларниот гел за чистење, новиот адут на Clinique во форма на третман со чист витамин Ц, а први во регионот ја запознавме и пробавме маската во пена од линијата Pep-Start.

2

Глорија ја почна приказната за Clinique од самиот почеток – Американски Vogue, 1967 година, интервју на тогашната уредничка за убавина Керол Филипс со њујоршкиот дерматолог Норман Орентрајх и натпис кој сугерира дека не е клучна само генетиката, туку состојбата на кожата може да се менува со вистинска нега. За првпат се потенцираат мислења на дерматолог за нега на кожа и за ексфолиација, и за тоа дека не треба да се „задоволиме“ со  кожата со која сме се родиле, туку одличен тен може да постигне со 3 едноставни чекори за чистење на кожата, со употреба на заштита од сонцето и со здрав животен стил. По текстот во Vogue Леонард Лодер од козметичката куќа Estee Lauder и неговта снаа Евелин Лодер ѝ пристапиле на Филипс со идеја да се развие нова козметичка линија, поинаква од сè друго што тогаш постоело на пазарот и која ќе се темели на дерматолошки пристап. Ќе биде без мирис, тестирана против алергии за да одговвара и на најчувствителната кожа, и ќе создава производи кои се персонализирани за различен тип на кожа. Се раѓа Clinique, што во името го крие зборот чисто, но спелуван во француска интерпретација.

3

Брендот веќе следната година го претставува легендарниот 3-Step Skin Care System, нега која што се состои од 3 чекори – чистење, ексфолирање и хидрирање. Наменет е за сите типови на кожа, возрасти и раси, а овој дерматолошки систем на чистење, пилинг и хидрирање денес сите го употребување како дел од нашата секојденвна рутина на нега на кожата на лицето. Со текот на годините овој систем еволуирал во подобрени прозиводи, а Clinique постојано претставува нови колекции и линии не само во делот на машка и женска нега, туку и декоративна козметика. Последниве години со цел да се обрати на помладата, милениумската генерација, ја создаде линијата Pep-Start, серија на производи спакувано во интензивни бои.

Освежени и блескави со Глорија Мапилеле Тодоровиќ од #Clinique

A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on Nov 10, 2017 at 3:23am PST

Токму од оваа линија доаѓа и новиот производ – Clinique Pep-Start Double Bubble Purifying Mask. Станува збор за маска за лице која се претвора во пена и имавме можност први во регионот да ја испробаме. Истовремено чисти и освежува, има текстура на гел, а по нанесувањето во рок од две минути се претвора во пена со меурчиња. Ја пробав и до домашна атмосфера и навистина е брза и ефикасна. Еве како се користи: добро се протресува, се нанесува на чисто и суво лице (избегнете го делот околу очите), розовиот гел ќе се трансформира во пена со меурчиња, почекајте додека целосно не се трансформира во пена, околу две минути, за тоа време ја чисти кожата од површинската маснотија и нечистотија, а потоа остранете ја и измијте го лицето со топла вода. Може да употребува 2-3 пати неделно, дури и неколку минути пред да почнете да се шминкате. Брзо се постигнува ефект, за разлика од останатите маски кои треба подолго време да се чуваат на лицето. Оваа маска многу скоро ќе ја најдете во парфимериите на Anabella.

4

Clinique има уште еден нов иновативен производ кој Глорија ни го претстави – Clinique Fresh Pressed Daily Booster со чист Витамин Ц C 10%, единствен „бустер“ кој обезбедува драматични резултати со сите знаци на стареење. Има необично пакување, се потресува и се истиснува за да се ослободи чист Витамин Ц и да се спои со смирувачката емулзија, и може да се користи. Како дневен третман доволно е 2 капки да се помешате со вашиот дневен крем, а резултатите се видливи после седум дена – ќе добиете изедначена и мазна кожа. Витаминот Ц се смета за моќен витамин за подмладување на кожата, ги спречува и успорува знаците на стареење, го забрзува процесот на регенерација, ја намалува и сузбива хиперпигментацијата, но е деликатен за користење на кожа и може да создаде иритација, па Clinique го создаде овој иновативен „бустер“ кој обезбедува сигурно користење на витаминот.

Ако користите мицеларна вода за чистење на лицето, следниов новитет на Clinique уште повеќе ќе ви се допадне – 2-in-1 Cleansing Micellar Gel + Light Makeup Remover. Со ова се најавува новата генерација на мицеларни производи, а еве што нуди овој на Clinique: отстранување на шминката и нечистотијата со едноставен чекор, гелот се нанесува на цело лице, со лесни движења се отранува шминката и маснотијата, а не се измива, туку се отстранува со памук или мека крпа.

Производите може да ги најдете во парфимериите на Anabella ширум Македонија, а препорачуваме уште неколку производи – новата маскара High Impact со ефект а ги поддигне трепките и пудрата Even Better Glow Light Reflecting Makeup SPF15.

5

6

 

 

 *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum нега

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

  • eucerin aquaphor_SOS нега

    Заштитете ја кожата на усните во ладните денови кои следуваат

  • Eucerin Hyaluron-Filler_Elasticity_3D Serum (4) нега

    Новиот Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity 3D серум е високо ефективно решение за помлад изглед, поцврста и посјајна кожа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021
  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

    јануари 27, 2021
  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021
  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics