Македонската дизајнерка школувана во Словенија Евгенија Зафировска деновиве ја претстави женската колекција наречена Bianco во Пловдив, Бугарија. Таа започна соработка со бугарска фирма и првата заедничка ревија во хотелот Alchemist Residence Von Goldenburg во Белашица беше повод да се претстави колекцијата, но и Евгенија како дизајнер на брендот Von Goldenburg. Означена како ready-couture, колекцијата ја карактеризираат романтичност и нагласена женственост.
„Доминантната романтична нота во оваа колекција е споена со раскошни и шармантни фустани, женски костими со неверојатен крој, карнери и комбинации со нагласување на облините на женското тело. Употребени се различни типови на висококвалитетни и нежни материјали со кои се доловува ефектот на слоевистот и грациозност“, стои во објаснувањето на колекицијата.
Во 2017 година зголемена е побарувачката за поголема општествена и еколошка одговорност, во тој контекст Von Goldenburg одлучи претставувањето на ready-couture да биде решение за сите побарувачки, проблеми и спротиставување на масовното производство. Брендот поттикнува радикални промени и сака купувачите да бидат свесни дека зад нивната облека има лице кое е творец на истата и кое на одрдено парче потрошило време и труд.
Нема коментари