• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

FWSK: Лидија Георгиева во близок допир со првобитните инспирации

Од stylist @StylistMKD · На април 7, 2014
Lidija -Ani i Dimi (2)

Фото: Ани и Дими

Да се посегне по сопствената првична инспирација, да се извлече оригиналната енергија од својот најкреативен период за да се направи реинвенција без копирање на сопствената кративна биографија, тоа е умешноста што Лидија Георгиева ни ја покажа на својата последна модна ревија одржана вчеравечер во рамките на „Моден викенд-Скопје“. Ревиското претставување започна со девојка на ролерки облечена во транспаранетен фустан составен од неколку различни принтови во муслин, која што го најави текот на ревијата и идејата на дизајнерката освен препознатливите плетива со кои од старински изглед создава современа мода, да видиме неколку поинакви модни моменти. Насловена „Допир“, колекцијата на Георгиева е во допир со првите инспирации на кои со повикуваше на почетокот на својата модна кариера во однос на формата, ткаенините, ромбовите и мотивот на папратите.

LG1

Но, покрај проникнувањето во сопствениот дизајнерски свет, Георгиева претстави неколку новини, како внесување на ткаенини како подебел памук кој во некои комбинации значи поструктурирана силуета и тенок муслин кој го има во различни бои, во точки и со цветен дезен и кој ја носи пошарената лелеавата страна и новата дизајнерска енергија на Лидија. Црните кратки фустани и топови се спој на притаен сексапил, апликации, тантела, тенко плетиво, мали карнери, плетени мрежи, додека моделите со носечкиот принт на колекцијата зборуваат за постојаното навраќање на дизајнерката на својот графички универзум од шари и уникатни принтови. Петените делови со светки се веќе оној препознатливиот израз. А сè заедно е секси и романтично и шик-шармантно истовремено. Белата и кафено-бежовите нијанси, тоа се тоновите со кои Лидија најчесто твори, поинтензивните бои вообичаено ги вметнува преку акценти и во принтови, но во новата колекција поотворено ги користи што резултира со неколку модели со јаки бои.

LG3

Плетените маски за лице најавени во една предходна колекција сега се елаборирани и помасивни, дел од стајлингот се кожените ракавици на дизајнерката и чевлите од „Виа“, но во однос на детали највпечатливи се металните уметнички дела направени во соработка со компанијата „Завар“ кои ги има на ѓерданите, како апликација на облеката и фаворитот – украс кој е симбиоза на обетки и ѓердан. По креативните авантури во еден поширок дизајнерски домен, креирајќи мебел, керамика, футроли за телефони, Георгиева одлучи поконструктивно да се посвети на дизајнирањето облека и се чини дека успешно и’ се врати со нова енергија и инспирација, а истовремено ја најави и новата фасцинација од металот како инспиративен материјал за креирање. (К.Т. Фото: Stylist.mk)

DSC_0171

LG5

DSC_0137

LG4

DSC_0132

LG7

 

DSC_0167

FWSKЛидија Георгиевамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопјемодна ревијапролет-лето 2014
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • prada ревии

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

  • 2 ревии

    Chanel Métiers d’art колекцијата претставена на ревија во замок и со едно лице во публика

  • IMGL1485 ревии

    Модна ревија во Штип: Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics