• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
патувања-дестинации 0

GENUINE EXPERIENCES: Македонија и Албанија заеднички преку искуствениот туризам се развиваат во регионот

Од stylist @StylistMKD · На август 24, 2020

1

Македонките Јасминка Поповска од Струга и Катерина Василевска од Охрид се креаторките на Genuine Experiences, поточно жени кои сакаат на локалните или интернационалните туристи во Македонија и соседна Албанија да им овозможат незаборавни искуства.

На нивната платформа имаат над педесетина локални занаетчии, домаќинки, спортисти, водичи, професионалци од различни области, од Охрид, Струга, Битола, Демир Хисар, Дебар, Ресен, Скопје, Пешкопеја, Мат, Булкизе, Дибра, кои им ја дадоа довербата, ентузијазмот и им дозволија да ги трансформирааат нивните вештини, знаења, преточени во автентични искуства наменети за туристи.

-Одржливиот туризам е иднината на земјава. Ако сакаме да имаме вода за пиење, чист воздух, намалување на отпадот треба да знаеме дека единствената опција ни е принципите на одржливоста да бидат стандарден неодминлив дел во секоја туристичка понуда. Тоа значи дека, уништувањето на планините со тури со џипови треба да е забрането, а не да биде извор на приходи на некои од националните паркови и со нивно одобрување – спроведувано. Едноставно човекот не може бесконечно многу да се шири и да зазема простор од природата туку мора за се да има граница, за да има за сите. Како ние го решаваме тоа преку нашата понуда? Нашите искуства се рурални и урбани. Нудиме искуства со пешачење, со велосипеди, со кајаци – истакнува Јасминка Поповска, проект менаџер.

Тие велат дека во овој регион има прекрасни автентични личности кои имаат многу да споделат и сакаат да им овозможат да го направат тоа преку платформата.

2

Искусете автентични доживувања со помош на платформата genuinexperiences.com

-Меѓуграничните региони на Македонија и Албанија изобилуваат со традиции и занаети, кои иако можеби ја немаат истата важност како претходно, би биле исклучително интересни да се споделат со туристите од другите земји. На тој начин го зачувуваме културното наследство и се промовираме пред светот како народ достоинствен и вреден да се посети. Имаме природни ресурси на мала површина, на која може да ни позавидат далеку поголеми држави од Европа и светот. Ние сме привилегирани да живееме толку малку луѓе во една ваква богата земја. Сакаме со тоа да го освестиме локалното население и да им го понудиме на туристите во форма на несекојдневни доживувања и искуства. Гостите не се само пасивни гледачи, туку директно со своите раце учествуваат во процесот на искуството, тоа значи на крај од посетата ќе го имаат првото рачно исплетено ташниче, филигрански привезок, домашен зелник, исплетена кошница…- додава Катерина Василевска, проектен асистент.

3

Во село Рамне ќе вкусите домашен комат подготвен под сач

Тие потенцираат дека туризмот дефинитивно е приоритет во економијата, кој може да донесе и тоа како многу приходи за локалното население. И не само во Охрид, туку во сите градови и села. Но туризмот мора да се развива одржливо, градовите првенствено да бидат „живи“ за луѓето во кои живеат, а потоа да се изнајдат форми на туризам кои нема да го загрозуваат секојдневниот живот, и нема да ја уништуваат природата.

-Ние сме долго време волонтери и локални активисти. За нас овој бизнис е првенствено наш личен обид да покажеме дека бизнисот не мора да биде business as usual, само за пари. Туку бизнисот треба да им помага на локалните луѓе, на нашите соработници да си го реализираат нивниот личен потенцијал. Бизнисот треба да носи можности на населението во местата каде го спроведуваме. Во некои од нашите искуства, туристите ќе бидат отворено запознаени со локалните предизвици и ќе може да донираат, или на друг начин да помогнат. На пример за локалното училиште, за возрасните лица од дадената населба/село, за некои локални акции кои многу значат за тамошното население – додаваат двете креаторки на платформата.

Платформата www.genuinexperiences.com e дел од проектот „Надвор од границите – воведување паметен туризам и споделена економија“,  реализиран од Здружение за локална агенција за развој – ЛАР Струга, Институт за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), Биолози од Албанија – Тирана и општина Мат, преку Министерство за локална самоуправа - ИПА 2 Прекуграничната програма за соработка на Северна Македонија и Албанија ко-финансиран од Европска Унија.

4

Во „Книговез“ во Охрид ќе научите како се изработуваат нотеси, привезоци за клуч, футрола за очила…

5

6

Наташа во охридското село Рамне ќе ви покаже како прави комат

7

8

Во работилницата на Славко Бачевски во стариот дел на Охрид ќе погледнете како овој уметник изработува лампи од тикви

9

Кајакарење по Охридското Езеро

10

Нестор и Маријана ќе ви ги откријат тајните на филигранот и невестинскиот накит

11

Жанко ќе ве води на турата со планинарење на Галичица

12

Бојана од „Китка дарови“ раскажува за полињата со лаванда, невен, жалфија и други билки кои се одгледуваат во селото Годивје и како од нив се изработуваат креми, тинктури и зачински мешавини

13

Научете како да плетите

Genuine Experiencesавтентични искустваискуствен туризамтуризам
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Beti JK - George калеидоскоп

    Чартер лет од Скопје до Ларнака: Нов предизвик за летото 2023 до прекрасниот остров Кипар

  • 0 патувања-дестинации

    Магичниот Royal Mansour во Маракеш

  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2) патувања-дестинации

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics