• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

„Гучи“ и Микеле ја открија мапата на љубовта

Од stylist @StylistMKD · На септември 24, 2015

1

Втората колекција на Алесандро Микеле за модната куќа „Гучи“ на прв поглед изгледа како продолжение на онаа за есен-зима 2015/16,покажувајќи јадизајнерот својата наклоност за сензуални тантелни фустани и кошули со панделка, но веднаш станува јасно дека новите креации за пролет-лето 2016 се почеток на едно сосема ново патување. Вчера попладне, на стартот на Миланската модна недела, „Гучи“ и свежо назначениот креативен директор Микеле ја претставија новата колекција во Скало Фарини, поранешна железничка станица, пред ѕвездена публика како Салма Хајек и сопругот Франсоа-Арно Пино првиот човек на „Керинг“ која е сопственик на брендот, потоа Шарлот Газираги од Монако, заштитно лице на „Гучи“, Алекса Чанг и Дакота Џонсон. Во согласност со темата, просторот за потребите на ревијата беше декориран со ориентални паравани, отомани и шарен килим.  2

Главната инспирација на Микеле е Carte de Tendre, замислена георграфска мапа од 17 век која комплетно се темели на темата на љубов. И тука почнува романтичната модна сторија со која патуваме низ Ориентот преку Хаваи до Стар Рим… Гледаме цветен принт, светкави ткаенини, ориентални мотиви и живи бои како жар црвена, смарагдно зелена и златно жолта. Мека и нежна естетика, но во посмело и авантуристично расположение. Миди фустани и плисирани здолништа. Свилени фустани и брокатни костими. Стилови од 70-тите години како ѕвонести панталони, кошули со панделка, карнери од лурекс на ракавите и рабовите. Крупни очила во стилот на Елтон Џон. Мотивот на мапа се забележува на неколку модели, како и надреален ефект на стрип-цртање, па одредени елементи како наборите и карнерите се нацртани, наместо навистина скроени. Колекцијата е богата со детали, како во стајлингот, така и во шарите (цветови, змија, ананас, бубамара, птици). Микеле тука не застанува со деталите – ракавици, ѓердани и долги обетки, шарени вратоврски, плетени беретки, trompe l’oeil панделки и брошеви во облик на голем егзотичен цвет и се разбира, понатите чанти и куфери на „Гучи“ кои се шарени и разиграни. (К.Т.)

3

0

4

FASHION-ITALY-WOMEN-GUCCI

7

8

9

Алесандро МикелеГучиМиланоМиланска модна неделамодна ревијапролет-лето 2016
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • cover-1 ревии

    Видео преглед на ревиите од Париската модна недела

  • valentino ревии

    Розова женственост во модна интерпретација на Валентино

  • off white ревии

    Супермоделите и познатите на емотивната ревија на Off-White во Париз

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • 0 marella

    Александар Ношпал за Styling Sessions со Marella: „Има простор за сценскиот гламур и во секојдневието“

    мај 21, 2022
  • 1 zara

    Белиот фустан како моден евергрин во интерпретација на Zara

    мај 19, 2022
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    мај 19, 2022
  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022

Убавина

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

    мај 17, 2022
  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

    мај 16, 2022
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    мај 9, 2022
  • 11 (1)

    Откријте го новиот производ од линијата Abeille Royalе на Guerlain кој ќе ја смири и ревитализира сувата кожа

    мај 2, 2022

Живот

  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 18, 2022
  • We edition 2

    Пет причини зошто онлајн шопингот е подобар

    мај 18, 2022
  • CUPIMG_5026

    Во услови на криза мора да се унапредат женските бизниси преку дигитални технологии

    мај 17, 2022
  • evropsko prvenstvo vo tanci (4)

    Приказната на Европското првенство во танци 2022 започна — Флешмоб од над 500 танчери во Ист Гејт Мол!

    мај 16, 2022

Култура

  • SM

    Марио Бионди со прв концерт во Скопје

    мај 17, 2022
  • image4-6

    Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

    мај 10, 2022
  • dimitar kondovski

    „Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

    мај 5, 2022
  • Изложба на Наташа Неделкова

    Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

    мај 5, 2022
  • soc media post kosta petrov

    Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

    мај 4, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics