• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ирина Тошева @FWSK: Секоја жена е нечија „Дениција“

Од Ана Несторовска · На октомври 18, 2017

irina toseva

“Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници….“

„Од љубовта кон жената до родољубието, во новите креации е преточен цел спектар на емоции. Сметам дека секоја жена е „нечија Дениција“….Со овие зборови дизајнерката Ирина Тошева ја почнува приказната за својата нова колекција за есен-зима 2017/18. Емоциите, топлината, страста и конежот на стиховите од циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски ги вткаи во 10те нови модели кои ќе ги претстави на 25 октомври во рамки на есенското издание на Моден викенд Скопје. Со нејзината промоција во Telekom Innovation Center ќе биде заокружено 16-тото издание.
- По 11 континуирани ревиски претставувања на Моден викенд, почувствував потреба да понудам едно сосема ново и незаборавно модно искуство. Се работи за мултимедијален проект, прв од ваков тип во нашата земја, што ќе ја прикаже македонската мода рамо до рамо со најновите светски трендови и технологии. Публиката ќе биде директно вклучена преку користење на ознаката #irinatosheva на социјалните мрежи, а сите фотографии, твитови и впечатоци ќе бидат директно прикажувани во Телеком центарот. Креациите ќе може на лице место да се „резервираат“ – see now, buy now. Настанот е поддржан од topsi.mk -вели таа.

 

irina toseva2

На Моден викенд досега има одржано 11 ревии

* Во реализација на своите колекции често користиш еко-материјали, а веќе имаше и успешна реализација со 3Д-дизајн. Кои се новитетите кај оваа линија, по што се разликува од другите и кои бои форми и материјали доминираат?
Природните материјали, како што се памукот и свилата, се носечки и во оваа колекција. Разликата, пак, е во колоритот и рачната доработка, која ја немало во моите досегашни колекции. Голем дел од парчињата се уникати.

* Често остваруваш соработки не само во реализација туку и во презентацијата на твоите колекции. Свежо е сеќавањето за соработката со Александар Пешевски кој креира накит под брендот Mighty Jewelry. Дали оствари некаква колаборација и за новата колекција?
-Што се однесува до колекцијата, зад модниот дел се потпишувам самата, но околу целата организација и реализација на настанот соработувам со фантастичен тим од професионалци.

irina toseva-3d 02

Со капсулна 3д колекција летово се претстави во Дизелдорф

*Деновиве беше дел од 3d Print Expo во Москва заесно со Никола Кунгуловски и MK3D Printing, овој пат со модна ревија. Како дојде до оваа повторна соработка, дали станува збор за нова линијата или можеби ќе ја презентираш колекцијата што ќе ја видиме и во Скопје?
-Презадоволни од нашето предавање и интересот за модата од гостите минатата година, организаторите на 3d Print Expo и оваа година ме поканија да бидам дел од модната ревија. Со два модели од колекцијата „Риза“, два модели од новата капсулна 3д колекција од Дизелдорф и еден нов изработен специјално за овој настан, беше чест да се настапува покрај дизајнерките Алексис Волш и Снежана Падерина.

* Ти си една од ретките македонски креатори кои на време ја сфатија потребата и предноста од присутност во социјалните мрежи, конекција со твитерџиите, блогери и интернет портали. Важиш за една од омилените креаторки на модерната „интернет“ генерацијата. Тоа може да се види по профилот на личностите што избираат да ги носат твоите креации, по публиката на твоите ревии, и секојдневно на Facebook, Instagram, Twitter, Блогосферата…. Како од денешна перспектива ја гледаш неопходноста од оваа комуникациjа и колку таа присутност е и треба да биде стратешки смислена ?
-По природа сум непосредна и за таа сметка не отстапувам од својата природа ниту во уметноста, парчињата кои ги создавам, во комуникацијата со клиенти, тет-а-тет или социјални медиуми. Живееме во дигитална ера, каде секој млад дизајнер може лесно, брзо и ефтино да ја промовира својата работа. Модната индустрија го користи сето ова. Ја сакам „достапноста“ која ми ја овозможува интернетот, а за неговата важност доволно говори и концептот на настанот на 25-ти.

kariera plus irina

Ирина (десно) со своите ученици од курсот во Кариера Плус на завршnата ревија во рамки на Моден викенд

*Дел си од предавачите/професори на Академија за моден дизајн на Џолев. За која апект од модата и модната индустрија предаваш и какви се очекувањата од оваа академија, каква обука, и знаења добиваат студентите?
- На модната академија ќе го водам предметот „Моден бренд и менаџмент“, што ми претставува голем предизвик, бидејќи ми нуди можност, досегашното искуство во оваа област теориски да го преточам и пренесам на млади и перспективни дизајнери. Воедно, чест ми е и што ќе бидам дел од тимот покрај наши значајни дизајнери, Булески и Ефтимов, кој беше и мој професор.
Програмата ги опфаќа сите точки потребни за градењето на еден моден дизајнер, но на крај успехот зависи од решителноста и упорноста на секој ученик.

*Неколку семестри беше и една од предавачите и на курсот во Кариера Плус . Твоите ученици одржаа и ревија на Моден викенд-Скопје… Колку ваквите школи се показател за недостаток од соодветно формално образование кај нас, и колку можат да научат кандидатите ? Дали добиваат комплетна обука за да може во иднина да се занимаваат со креирање?
-Најчесто, учесници на ваквите курсеви се луѓе чија љубов отсекогаш била модата, но различните околности ги однеле во друга насока. Голем дел од нив ги посетуваат за „своја душа“, а има и такви кои се цврсто решени да зачекорат по овој пат. Сепак, колку и да е обемна наставата, а професорите фантастични, независно дали е обука или високообразовна институција – станува збор за професија која бара многу работа и пракса. Сите оние кои мислат дека модниот дизајн е само цртање „фустанчиња“ и не ги интересираат и другите процеси, не може да бидат успешни дизајнери. Поради тоа, трите групи на кои бев ментор ги охрабрував вклучувајќи ги во најразлични проекти и се гордеам што дел од нив станаа мои колеги и отворија свои атељеа.

irina toseva -The Photo TEMPLE-Lilika Strezoska

Ирина е гласен борец за правата на животните, со своето милениче Мини , фото:The Photo TEMPLE-Lilika Strezoska

*Покрај модните ангажани, ти си гласен борец за правата на животните, често се вклучуваш во химанитарни активности, а си дел и од движењето „Гратис гушкање“. Каков е твојот став, колку јавните личности, креативците и општо современите граѓаните треба да се вклучат во општествено одговорни поекти, движења, акции… Кој е твојот мотив, инспирацијата и поттик да се ангажираш општествено?
-Креативците се оние кои умеат да пренесат поинаков светоглед, па оттука произлегува одговорноста да ги менуваме нештата околу нас на подобро. Активизмот во граѓански организации ми се случи многу порано од моето градење како дизајнер, па склопот на двете нешта беше логично следство. Често размислувам и целам како преку она што го правам да влијаам на другите, пренесувајќи им одредени вредности и различни пораки.
Многу е важна потребата да се поттикне солидарноста, што верувам дека постои како основа на секое човечко битие, а секое однесување што е насочено кон општото добро е неопходно да се пренесе и поддржи.

* Оваа сезона и Моден викенд ќе се одржи по мотото #Stopthetraffik – за запирање на трговијата со луѓе. Сериозна тема и проблем, кој често се врзува со аспекти од модната идустрија. Дали си размислувала, како и дали можеш да помогнеш во борбата против трговијата со луѓе ?
- Ја поддржувам и поздравувам иницијативата на Моден викенд да го отвори ова важно прашање. Зад убавото лице на модата, неретко се кријат и горливи теми, што не треба да ги криеме под килимот. Првенствено, мислам на употребата на детска работна сила и тешките работи услови, кои се само дел од „ужасите“ во текстилната индустрија. Како дизајнер секогаш гласно говорам за проблемот, но и селективно купувам. Додека во светот јавно се осудуваат и бојкотираат таквите брендови и компании, ние шиеме за нив.

 

irina toseva 0

Тошева често се вклучува во химанитарни активности

*Неуморна си на професионален план, се вклучиваш во проекти, учествуваш на интернационални саеми и изложби….Може ли да издвоиш кои се најзначајните ангажмани што ги имаше во периодот меѓу двете изданија на Моден викенд – Скопје?
-Покрај изработката на едиторијалот за минатата колекција “Ease”, посебно би го издвоила учеството на 3d fashion by Lexus & Voxelworld во Дизелдорф, Германија. Целата аудио-визуелна презентација на колекцијата, кадешто се слушаа бои и гледаа звуци, и учеството покрај 10-те најдобри светски дизајнери во 3д принтањето, за мене беше голем предизвик и огромна чест.

* Какви ти се плановите за колекцијата после Моден викенд. Дали ќе ја преставиш и на други модни недели/изложби, саеми…И секако каде ќе можеда се најдат, пробаат, видат и купат моделите?
- Поканите постојано пристигнуваат, но оваа сезона решив промоцијата да биде реализирана само кај нас. Моделите од колекцијата ќе бидат достапни во моето ателје и неколку онлајн продавници, со кои се уште сум во преговори.

*Претпоставувам ќе следи и некоја интересна фотосесија за новите модели…?
-Концептот е малку променет за оваа колекција. Сепак, засега не би откривала премногу детали. Моментално, сиот фокус е на мултимедијалната презентација на 25.10, која ќе виде навистина несекојдневно визуелно доживување.

 

Irrina toseva 3d01

Првите 3д креации од колекцијата „Риза“, реализирана со Никола Кунгуловски

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

3Д модаFWSKДеницијаИрина Тошевамакедонска модамакедонски дизајнериМоден викенд-СкопјеПетре М. АндреевскиТелеком иновацискиот центар
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics