• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

БОБАН ИЛИЕВСКИ @FWSK – Скроив боемски шик за хедонистки

Од Ана Несторовска · На март 12, 2014

Бобан Илиевски ќе ја претстави колекција Bohemian CHIC за сезоната пролет-лето 2014

Со секое свое појавување во јавноста предизвикува фама. Прво ја скокотна љубопитноста на публиката со работата под псевдоним за брендот Chic Undercowear, а по разоткивањето на својот идентитет не престана да изненадува. Креаторот Бобан Илиевски, според многумина, е нишката што долго време недостасуваше на нашата модна сцена. Тој ја открива потребата од драматична, сексапилна и луксузна облека со потпис на домашен дизајнер, истовремено покривајќи ги дамите со сите величнини и стилови. Неговите модели се елегентни, урбани и шик, кои не се наменети само за ограничена публика (тинејџерки и тенки девојки), туку на поширока клиентела, која сака да изгледа модерно.


По успехот на првата самостојна презентација на Модниот викенд-Скопје, минататa есен, за што и го доби признанието за најдобар млад дизајнер на наградите на Stylist.mk, тој повторно се враќа на оваа модна манифестација.  Овој пат ќе ја претстави својата нова колекција Bohemian CHIC за сезоната пролет-лето 2014. Линијата, под брендот Chic Undercoewear, е инспирирана од лежерни форми на „ненамерното”,  каква што креаторот смета дека треба да бидат пролетта или летото.
-На пролетниот Моден викенд ќе претставам колекција која е совршена симбиоза на монохроматска едноставност и колор блок од принтови, сето тоа низ призмата на дрско шармантниот карактер, специфичен за мене. Застапени се природни материјали, свила и памук, како основа за ненаметливиот печат, што би требала публиката да го почувствува и овој пат. Колекцијата е наменета за жената хедонистка без инхибиции и страв да ја покаже индивидуалноста, а помеѓу некаде и да остави понекоја порака ЈАС БЕВ ТУКА…

Фото by FWSK

Креаторот открива дека многу малку се води според светските трендови, зашто смета дека е непотребно и помалку битно.
-Сепак ние сме каков таков пазар за себе и јас морам да ја слушам „мојата” жена/девојка кои ѝ се потребите . Од друга страна се трудам да ги наметнам своите идеи кои што непретенциозно сметам дека се доволно свежи… И овој пат ќе има блузони. Тие беа очекуван триумф на претходната ревија, токму поради носливоста и лежерниот стил што фантастично се вклопува кај варитет на девојки и жени. Воден од тоа ќе понудам и оваа сезона сличен продукт видоизменет и надограден.
Вели дека нема големи очекувања од ревијата и дека остава работитеда се одвиваат по свој терк.
- Досега ако нешто научив е тоа дека не треба да имам никакви очекувања, туку да го дадам  максимумот од себе креативно, духовно, а посекако и финансиски, плодот сигурно ќе дојде како награда. Сигурен сум дека ќе ужива публиката во тоа што го подготвувам без да го најавувам со некоја голема помпа. Се осврнувам повеќе на интересен незамислив стајлинг на сцена на многу носливи парчиња…. Сè уште е рано да кажам каде ќе биде достапна колекцијата, со сигурност знаеме дека после секоја ревија колекциите ќе бидат изложени следниот ден во „Концепт 37“ како еден вид привремен шоурум, за да се донесат поблиску до публиката којашто можеби не ме знае доволно – вели тој.

Фото by FWSK

Изминатиот период доста јавни личности се појавија во негови креации, меѓу кои и поп-ѕвездата Калиопи и актерот Васил Зафирчев.
- Првиот настап за којшто Калиопи ме ангажираше беше гостувањето на балканскиот „Х-фактор“. На Калиопи ѝ се допадна свежината на креирање што ја понудив и сметам дека почнуваме една соработка во којашто ќе се надоградуваме и надополнуваме меѓусебно како дизајнер/стилист и поп-дива. Малку ќе трае процесот додека публиката воочи кон кој таргет целиме и дека имиџот на Калиопи сакаме да еволуира, затоа што таа е неминовно ДИВА и тоа сите го знаеме, но интересно е да одиме и кон некои поинакви бариери. Во меѓувреме имав соработка и со Васил Зафирчев којшто фантастично изгледаше во мојот костум на доделувањето на наградите на МРТВ, или пак  ултра талентираниот Сашо Димоски, на неговата промоција на збирката „Дневникот на хулиганот” со што ја доближувам идејата и дека апсолутен предизвик ми е и машката публика-вели тој.

Од ревијата на колекцијата DYNASTY есен-зима 2013-14

На доделувањето на првите награди на Stylist.mk го доби признанието за најдобар млад  дизајнер на есенското издание на Модниот викенд-Скопје. Иако вели дека ниту е најмлад, ниту најтазе, сепак вели дека му значи ова признание.
- Факт е дека со оглед на моите 28 години спаѓам во категоријата на млади дизајнери и да не се лажеме на кого не би му пријало да биде вечно млад, меѓутоа кога е во прашање искуството, имам зад себе стаж на којшто би му позавиделе и некои постари колеги. Сепак работењето како дел од тим на еден моден бренд за масовно производство не дозволува пропагирање медиумско до таа мера како што тоа го овозможува работењето под своја сопствена етикета. Затоа за генералната публика со ова прво претставување на модниот викенд како единствена модна платформа, бев прилично свежо лице. Можеби затоа и реакциите на публиката генерално беа дека воопшто не очекуваа некој толку млад дизајнер да излезе на сцена после една толку зрела и дефинирана колекција. Ситуацијата е таква да нашата работа пред , за  и после модните викенди и промоции на колекции не бивала во никој сегмент евалуирана ниту наградувана, па така ми беше искрено огромна чест да бидам првиот што ќе го добие ова признание. Секако не го очекував … За поздрав е дефинитивно што конечно после толку години почнуваме со евалуацијата на нашата работа, треба уште многу да се искристализира категоризацијата на творештво на сегашниов моден „панаѓур”, иако би рекол дека не е пресудна, сепак  здрава конкуренција може да допринесе само до поквалитетен дизајн со којшто не би се срамеле да излеземе пред инернационална публика, а валутацијата на овој начин тоа го допринесува – вели Бобан.

Линијата DYNASTY екслузивно се продава на bastetnoir.com

На една од нашите скорешни средби ни откри дека интересот за креациите по ревијата на есенскиот Моден викенд е голем.
- Најмногу се бараат поносливите парчиња кои што се поадаптабилни за секој профил на жена, со мала доза на деконструкција на стандардниот дизајн и прав хит беа принтаните машки блузони коишто го носеа водечкиот лик на колекцијата, Џоан Колинс.
Неговите креации покриваат една поширока клиентела, на која поздабораваат другите креатори- девојки и жени со облини.  Докажува дека модата и трендовите не треба само да се обмислува и произведува тие што носат конфекциски 36 и 38, дека има модерни личности со повеќе килограми.
- Настрана фактот дека поголемите величини се ускратени во тој поглед и не можат да си најдат парче соодветно во мас- продукциски брендови, јас се трудам да им понудам подеднакво квалитетен и добро осмислен дизајн, приспособен на потребите на многу поширока клиентела од 36. Многу е човечно би рекол да се двоумите и преиспитувате околу нешто ваше, во случајов -тело. Меѓутоа упорно ја пропагирам индивидуалноста кај една жена што доаѓа од сигурноста во себе што сметам дека е најубав дел од нечие битие – вели тој.

Бобан со наградата од Stylist.mk која ја дизајнира која ја дизајнира Нина Симовска од Just Because

bastetnoir.comBohemian CHICChic UndercoewearFWSKJust BecauseStylist.mk наградиБобан Илиевскибоемскимакедонски дизајнериМоден викенд-СкопјеНина Симовскапролет-лето 2014ревијашик
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics