• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Горан Сиџимовски во Берлин и Мадагаскар плете успешни модни приказни кои ги бришат границите

Од Ана Несторовска · На декември 15, 2017

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (5)

Модата не е само синоним за трендовски парчиња и убаво облекување, туку е сплет на идеи, слобода во изразување и бришење на меѓите. Таа може да оди по линијата на границите, но и да создаде премин од една во друга состојба или начин на постоење. Лиминалните линии во модата се темата на која истражувал младиот македонски креативец Горан Сиџимовски за својата дипломска теза на насоката за моден дизајн при Универзитетот за применети науки во Берлин. Тој ја испитувал лиминалноста од аспект на род и квир. Ги согледал мажественоста и женственоста во модата, не како спротивности, туку како нешто што постои во исто време, на исто место, во иста личност, што резултирало со безродовата колекција плетива Liminal Lines. По дипломирањето тој заминал на шестмесечна пракса на Мадагаскар, каде што моментално работи во фабрика за плетење како асистент дизајнер.

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (1)

*Твојата дипломска колекција Liminal Lines содржи плетива во кои покрај конецот и волницата вплетени се посебна идеја и концепт. На што се однесуваат лиминалните линии, каква порака носат моделите?
- Колекцијата го истражува концептот на лиминалност кој потекнува од антропологијата и првично е употребен за да се објасни транзитивниот период во различни животни фази, како на пример: раѓање, премин во полнолетство, брак или смрт. Концептот е понатаму развиен од други социолози и антрополози во однос на различни ритуали, ситуации и објекти, кај кои има некаков вид на премин од една во друга состојба или начин на постоење од аспект на идентитет или позиција во општеството. Она што е заедничко кај различните толкувања е дека сите случаи на лиминалност имаат одредени елементи кои ги опишуваат овие процеси на транзиција, како на пример: трансформација, in-betweenness, двозначност, несигурност, или пак недостаток на структура. Дефинирачка карактеристика кај овие процеси е тоа што најчесто се движат по одредена, однапред позната линија и имаат правец на движење со јасен резултат. Тоа што мене ме интересираше кај овие процеси на транзиција или трансформација е каков би бил резултатот кога правецот не е однапред одреден, кога нема јасни линии на движење и кога дезориентираноста или одбивањето на следење на норми се можност за откривање на нови правци, идеи или пак идентитети. Работејќи со овие идеи во рамки на колекцијата ја испитував лиминалноста од аспект на род и квир. Станува збор за колекција без одреден род и сезона, која зема и меша делови и елементи од парчиња и силуети кои се конвенционално опишани како машки и женски, притоа сфаќајќи ги мажественоста и женственоста, не како спротивности, туку како нешто што постои во исто време, на исто место, во иста личност.

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (19)

* Како помина одбраната на дипломската во Берлин и со какво звање се стекна?
-Одбраната помина одлично и имаше само позитивни реакции од сите професори и колеги. Во октомври, еден месец по официјалната одбрана колекцијата беше прикажана на завршната ревија на факултетот, за која беше формирано интерно жири од професори и бивши студенти кои правеа селекција за ревијата од сите апсолвенти во изминатите две години. Студиите со насока моден дизајн ги завршив на Универзитетот за применети науки во Берлин, кој е еден од деветте школи во германската престолнина каде што може да се студира мода. Тоа што го издвојува мојот факултет е тоа што е повеќе технички ориентиран и го има најопременото студио за плетење. Иако не постои конкретна специјализација или отсек за плетење, јас го избрав тоа како мој фокус за дипломската колекција. Изработката на дипломската работа беше под менторство на мојата професорка Анке Шлодер, а стајлингот за ревијата и фотосесијата го направи Тоби Гримдич, кој работи како моден уредник и стилист за магазинот ДАНСК во Копенхаген. Веднаш по дипломирањето заминав за Антананариво на Мадагаскар, каде што моментално работам во голема фабрика за плетење како асистент дизајнер. Престојот е одреден на шест месеци, по чиј истек ќе се вратам за Берлин и најверојатно ќе продолжам да работам за германската филијала на компанијата, или пак можеби ќе се релоцирам во друг дел на светот трагајќи по следниот плетечки предизвик.

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (7)

* Како се разви колекцијата од технички апсект, дали моделите се рачно изработени или машински?
-За време на моите студии направив пракса во Stoll, водечка компанија за производство на индустриски машини за плетење, чие седиште е во Ројтлинген, Германија. Праксата беше бесценето искуство за мене и ме поттикна да размислувам за плетење од друга перспектива и надвор од конвенционалните рамки. Таму посетив и едномесечен курс за програмирање и ракување со машините и после тоа ми беше јасно дека сакам да ги користам најнапредните технологии на плетење за изработка на дипломската колекција. Компанијата ме поддржа уште од самиот старт, ми овозможи техничка поддршка и работен простор, како и можност да ги користам машините од најновата генерација за изработка на колекцијата. Покрај тоа, добив спонзорство од нив за сите конци кои се употребени во моделите.
Една јакна од колекцијата е изработена во соработка со текстилниот музеј во Тилбург, Холандија, во чиј склоп постои работилница за текстили (Теџтиеллаб) и оддел за плетење. Секоја година музејот објавува отворен повик за апсолвенти и избира шест студенти од целиот свет да соработуваат со нивниот тим на развивање на текстили и модели. Имав среќа и чест да бидам избран како еден од тие студенти и со нивниот тим развивме платена верзија на монтка. Предизвикот беше како волуменот, внатрешното полнење и тридимензионалната структура на една монтка да се изведе со плетење. После развивање на различни видови на плетени структури дојдовме до потребниот резултат и употребивме текстуриран конец од полиестер кој се употребува за полнење на душеци за да го изработиме внатрешниот слој на јакната.

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (11)

* Може ли да ни откриеш повеќе за процесот на нивно содавање, колку време траеше и колку и какви креации излегоа?
-Целиот процес на развивање на концептот, текстилите и изработката траеше седум месеци. Со оглед на тоа што сите плетенини во колекцијата ги дизајнирав и програмирав сам, најголем дел од времето го поминав на развивање на различни плетени структури и тестирање на конци. Предизвикот беше да се развие разнолика палета на текстили кои ќе се погодни за изработка на мантил, јакна, пантолони, џемпер, фустан итн. Тука пресуден беше правиот избор на конци и поради тоа во колекцијата се застапени многу видови на материјали: волна, памук, вискоза, ликра, полиестер, полиамид и полипропилен. Од аспект на бои сакав да си играм со стереотипна распределба на машки и женски бои и користев повеќе тонови на сина и црвена, кои се разбиени со екру (off-white) за да се додаде баланс и контраст на силната палета.
Во процесот на создавање користев доста референци од квир култура, но повеќе од теоретски отколку од визуелен аспект. Всушност, целиот концепт и идеи за колекцијата доаѓаат од интерпретација на концепти, зборови и теоретски анализи и сметам дека користењето на визуелни референци претставуваат само пречка на сопствениот визуелен јазик и креативност.

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (9)

* За кого се наменети креациите, каков профил на луѓе имаше на ум додека ги создаваше?
-Никогаш не ми се допаѓала категоризацијата на облека или одредување на таргет група, а тоа и воопшто не одговара на карактерот и темата на колекцијата. Ако на некоја личност ѝ се допадне, тогаш е за неа.

* Креациите ги објави на својот нов сајт. Какви се плановите за истиот?
-Пред скоро време го лансирав и сајтот кој е осмислен да функционира како онлајн архива на мојата досегашна работа и место за презентација на идни проекти. Иако имам работено на многу различни проекти во областа на модата, сајтот е фокусиран само на плетење и ќе се развива во таа насока. Во иднина би сакал да го истражувам плетењето и надвор од модни рамки во насока на плетење како скулптура и апликација во внатрешен дизајн.

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (2)

Фото: Карлитос Трухило
Модел: Фриц Алм (Viva Models Berlin)
Шминка и фризура: Џанлука Венердини

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (4)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (3)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (12)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (20)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (16)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (13)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (14)

Goran Sidzimovski-Liminal Lines (18)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Liminal LinesЏанлука Венердинибезродова колекцијаБерлинГоран СиџимовскиКарлитос ТрухилоквирлиминалностМадагаскармакедонски дизајнериплетиваУниверзитетот за применети науки во БерлинФриц Алм
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics