• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, модни додатоци 0

Наташа Стефаноска плете уникатни модни приказни инспирирани од Охрид

Од Ана Несторовска · На март 2, 2018

nate-pletenki01

„Еден ветер да те фати покрај езерото денес, е нова идеја за следното утро“. Оваа стара охридска мисла го бранува секојдневието на креативката Наташа Стефаноска која  плете уникатни модни приказни од трикотажно предиво. Инспирирана од убавините на својот роден Охрид, под називот Nate’s knitting (или „Плетенки“) создава колоритни чанти, кои го привлекуваат вниманието на социјалните мрежи
- Охрид се отсликува во секој аспект на мојот живот. Чуден е Охрид , но и уникатен во своето постоење. Луѓето кои не живеат овде ја гледаат само магијата која ја искусиле во текот на летото, иако Охрид има да понуди многу повеќе од тоа. Не се’ што е магично е најдобро на крајот на краиштата… Инспирацијата секогаш сум сметала дека доаѓа одненадеж и од секојдневието. Секој ден е поразличен од другиот и секој ден си носи со себе новини кои влијаат врз моето расположение, а со тоа и на мојата идеја. Некои денови едноставно ми е доволно да видам нешто и да посакам да пробам да го изработам сама како некој предизвик, тоа ме исполнува -раскажува Стефаноска.

nate-pletenki04
Оваа дипломирана правничка сосема случајно одлучила да се занимава со рачна изработка начанти. Приказната почнува со еден плетен шешир кој го видела на Интернет.
- На една интернет страница здогледав плетен шешир кој ми остави голем впечаток и сакав да направам еден за себе. Ја споделив истава идеја со моето момче (сега веќе сопруг) и налатав на една голема иронична насмевка од негова страна и коментар дека немам трпение, ниту доследност за занает каков што е плетењето (Нешто што старите го имале како од шала на времето). Решив од инат да го докажам спротивното, но како да го сторам истото кога воопшто не знаев да плетам. Тргнувајќи од неговиот подбуцнувачки коментар решив да се обратам токму кај постарите, па затоа ја замолив мојата баба за неколку бесплатни часови. Арно ама, стари како стари, немаат трпение да не учат нешто што сметаат дека не е за нас, специјално кога се преокупирани да најдеме работа по струка (во мојов случај тоа е Правото бидејќи сум дипломиран правник). Тука во пресрет ми излезе мајката на мојот сопруг. Полека и со многу труд научив. Немам посетувано курсеви, но би сакала и размислувам со тек на време да се усовршам. Научив дека во ова никогаш нема крај, секогаш има нешто ново што може да се научи. Што се однесува до сопругот, веќе нема коментар за моиве изработки така што целам да го добијам неговото прво “WOW”-вели таа.

nate-pletenki02
Идејата да се занимава посериозно со дизајн на модни додатоци настанала набрзо откако ја направила својата прва успешна продажба.
-Размислувањето беше: креативноста буди интерес, интересот буди желба, желбата раѓа потреба, а потребата…продажба. Брендовите се тие кои го диктираат трговското темпо во светот на модата па решив да ги брендирам моите изработки во надеж на што поголем интерес. Што се однесува до називите се мислев помеѓу „Плетенки“ и Nate’s knitting…. Срцево ми легна на „Плетенки“ бидејќи е на македонски, но како што се појави интерес за моиве изработки преку океанот, така почна да ми расте желбата да направам нешто кое би било интернационално во некоја смисла. „Плетенки“ премина во Knitting, но не можеше да остане на тоа. Сакав да има израз на нешто свое, да оддава некоја топлина во изработката. После долги и исцрпни разгледувања на безброј идеи, сопругот реши да ја упрости работата и дојдовме до Nate’s knitting, што во суштина и правеше најмногу смисла- вели Наташа.

nate-pletenki06
Техниката ја совладала плетејќи шалови и килимчиња, на почетокот, но денеска Nate’s knitting најмногу епрепознатлива по чантите и ранчињата.
- Првата моја изработка беше шал. Навидум груб и без некоја посебна идеја во него, но другарката за која го изработив беше воодушевена, па и јас останав смирена иако незадоволна бидејќи знаев дека морам и можам да се подобрам. Следеа неколку зимски капи на кои им се израдував искрено, по што преминав на нешто сосема поразлично. Во тренд беа и се уште се чокери(плетени огрлици). Забележав дека помладите девојчиња ги носат на голем број комбинации и во секој преиод од годината. Меѓутоа се тоа беше на некој начин да се стекнам со искуство и да научам нови техники. Не можев да се пронајдам во ништо конкретно, се пробував и се изработував. Помина период во кој само истражував со вуница додека не се сретнав со трикотажното предиво. Тешко за работа поради цврстата природа на материјалот, но изгледаше прекрасно па решив да го ишарам домот со голем број на килимчиња кои си ги менував зависно од периодот во годината и од расположението (второво за чисто да го нервирам сопругот ). Едно од тие килимчиња не тргна во посакуваниот правец и прерасна во ранец , кој подоцна ја доби својата крајна форма во чанта. Од тој момент чантите сами по себе си дојдоа на прво место-вели таа.

nate-pletenki03
На почетокот речиси ексклузивно изработувала модели за девојки кои точно знаеа што сакаат и со кое парче облека сакаат да го искомбинираат.
-Но, во последно време морам да ги пофалам и мажите бидејќи доста од нарачките потекнуваат од нив, а се наменети како подарок за своите сакани. Морам да кажам дека најмногу се радувам кога точно мажите ќе дојдат да ми кажат дека мојата изработка ги воодушевила нивните драги, бидејќи изработувате дар за особа која претходно не сте ја виделе и со која не сте имале прилика да поразговарате како би дознале што таа конкретна особа најмногу сака и што и одговара. Доаѓа како некој рулет, ама до сега не сум промашила . Нарачките може да се направат преку мојот профил на Facebook. Првата солидна група на изработки ја сметам на некој начин како еден вид портфолио, кое може да се види на интернет и по одредени бутици. Остатокот е желба на клиентот и моја идеја.
При пласманот на производите соработува со неколку локални бутици, чии сопственици и’ се драги и блиски пријатели, за кои вели дека многу и’ помогнале да се рашири “зборот” околу Nate’s knitting
-Добри работи се случуваат ако се трудите и ако напорно работите. Кога ова е веќе речено, претпоставувам дека не сум направила некој поконкретен план за развој на сево ова. Она што сигурно знам е дека ја имам мотивацијата и желбата да го растам брендот додека има можност да расте. Имам огромна подршка од најблиските и помош која со пари не се плаќа од пријателите. Се надевам дека ова ќе прерасне во нешто со кое еден ден сите ке можеме да се гордееме-вели таа на крајот.

nate-pletenki05

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Nate's knittingмакедонски дизајнери на чантиНаташа СтефаноскаОхридплетени чантиплетенкирачна изработкарачно плетено
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • 1 crveni hulahopki модни додатоци

    Црвените хулахопки тренд на кој не можеме да оддолееме

  • 1 модни додатоци

    Шапката најелегантниот зимски моден додаток

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics