• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, модни додатоци 0

МАЈА КУЗМАНОСКА: Хеклан накит инспириран од јапонската улична мода на Мори девојките

Од Ана Несторовска · На март 25, 2015

maja prva

Инспирирана од јапонската улична мода на Мори девојките, дизајнерката на хеклан накит и додатоци Маја Kузманоска на 30 март (понеделник) во 20 часот во арт-кафулето „Концепт 37“ ќе ја претстави својата пролетна колекција. За Кузманоска, која e меѓу најзастапените македонски креативци на популарниот сајт за рачни изработки Etsy, промоцијата на „Романтична Мори“ е прва самостојна изложба на накит и додатоци надвор од виртуелниот свет.
- Мори на јапонски значи шума, оттука овие шумски девојки главно се облекуваат во бои од природата, а стилот е боемски и бајковит. Колекцијата, која е верна на своето име, се состои од романтични парчиња на хеклан накит – ѓердани, лариати, бразлетни, прстени, брошеви, шноли и венчиња. Користев чист, мерцеризиран памучен конец за накитот, кој дополнително е збогатен со различни видови тантела, ткаенина, бисерчиња па дури и хартиени цветчиња и минијатурни шишарчиња. Преовладуваат нежни, заводливи, пролетни бои. Накитот е комплетно составен од цветни дезени – користени се најразлични видови на плетки за цвеќиња и чипка-вели Маја.
Изложбата нема да биде продажна, но секој што ќе си бендиса некое парче ќе може да го резервира за набавка.

maja kuzmanoska0 (4)

Кузманоска по професија е професор по англиски јазик, но по убедување вели дека е „непоправлив романтичар и создавач на бајки“.
-Накит изработувам од средношколските денови и одсекогаш сум била наклонета кон користење на природни материјали за изработка на необични и уникатни парчиња. Со започнувањето на мојот блог Little Treasures за документирање на моето креативно патешествие се отвори еден нов, волшебен свет. Со прикажувањето на изработките на блогот постепено се појави интерес за купување на накитот и додатоците, што доведе до отворање на продавница на Еtsy и моето појавување како дизајнер на хеклан накит. Секој пост со хеклан накит на мојот блог наидуваше на огромен интерес и позитивен фидбек, што доведе до поголем ангажман, а со првата продажба сето ова доби поинаква смисла. Сега веќе можам да кажам дека уживам во тоа што го работам и платена сум за тоа….Фасцинирана сум од тоа дека со малку конец, една чингелка и нескротена фантазија може да се направат оригинални и фантастични креации. Основите ги научив од мојата баба, а сè останато од Интернет-вели таа.

maja kuzmanoska0 (5)

Во продавницата покрај накит и додатоци може да се купат и шеми за изработка на одредени парчињ. Во нејзиниот творечки опус може да се најде од сè по нешто. Покрај накит и додатоци, изработува плетени украси, а осебно ја радува кога на своите пријатели им плетае сандалчиња или ќебенца за нивните најмили.
Покрај веќе познатите класични форми создава нови, интересни дизајни. Традиционалните, но надградени техники се фундаментални при изработката на нови дизајни и претставуваат појдовна точка за создавање на една креација.
-За мене плетивата се идеална основа за креирање на еден нов заводлив свет. Конецот, како примарен материјал за работа, е податен за манипулација и дозволува експериментирање и комбинирање со други материјали, што за мене е особено предизвикувачки. Хекланите ракотворби најмногу ги комбинирам со дрвени монисти, метал и текстил-вели таа.

maja kuzmanoska0 (2)

Интересот за рачните изработки според нејзе се враќа во тренд зашто многу од светските дизајнерски куќи, како „Диор“, „Александар Меквин“, „Шанел“ и други, го ставија својот потпис на хеклани парчиња, без разлика дали се работи за облека или додатоци.
-Освен тоа, рачно плетените парчиња зрачат со посебен шарм и уникатност, а самиот факт дека претежно се изработени од органски материјали ги прави уште попривлечни. Според она што го гледам на интернет и статистиката на мојот блог, традицијата постои, но интересот за хеклање на Балканот не е толку голем колку во другите европски земји. Во Турција и Русија, како и во Северна Америка хеклањето е сè уште на високо ниво и дел од културата на овие народи. Најпосакувани додатоци се плетените чанти, ланчињата и украсите за коса, додека од облека тоа се фустаните и шаловите, како и костимите за капење. Интерес кај нас постои посебно кај оние кои се љубители на вакви изработки, а шансите за продажба се високи и реални на сајтовите кои работат со продажба на рачно изработени предмети-вели таа.

maja kuzmanoska0 (1)

maja kuzmanoska0 (3)

maja kuzmanoska0 (6)

EtsyLittle Treasuresјапонска улична модаАлександар МеквинДиорКонцепт 37Маја Кузманоскамакедонски дизајнери на накитМори девојкиплетенохеклањехеклан накитШанел
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • 1 crveni hulahopki модни додатоци

    Црвените хулахопки тренд на кој не можеме да оддолееме

  • 1 модни додатоци

    Шапката најелегантниот зимски моден додаток

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics