• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Калеш Анѓа во модна визија на брендот „Алшар“ на ревија на Моден викенд

Од Катерина Трајановска · На октомври 20, 2017

1

Ликот на Калеш Анѓа и македонските револуционерки се инспирација за новата модна колекција на дизајнерката Силвија Михајловска која што скоро една деценија креира под името на својот бренд „Алшар“. Новите креации таа ќе ги открие на модна ревија на 24 октомври, во 19 часот, во Хотел Мериот, во рамките на Моден викенд-Скопје. На претходното издание на Моден викенд, Силвија со „Моја Африка“ доби признание за најдобра колекција, а продолжи да креира и во периодот од едно до друго издание на FWSK. Следејќи го својот систем на работа созададе нови креации кои може да се најдат во нејзиното ателје „Алшар“ во центарот на градот, внимание привлече и последната есенската колекција Deep Blue, која што беше инспирирана од морските длабочини. Во пресрет на новата колекција и нејзината ревија на Моден викенд, со Силвија зборувавме за новите креации и инспирацијата.

*Во моментов ја привршуваш колекцијата со која ќе се претставиш на следниов Моден викенд? После Јапонија и Африка, инспирација пронаоѓаш во домашната иконографија, во ликот на Калеш Анѓа. Како ја  развиваше приказната и како ја вметна инспирацијата во облеката?

-„Калеш Анѓа“ е зимска ready to wear колекција инспирирана од истоимената книга на Стале Попов, македонските жени револуцонери и борбата за слобода во секоја смисла на зборот.

2а

Прв поглед на една креација од новата колекција

*Од какви материјали е направена колeкцијата, какви бои и форми употреби?

-Креациите се изработени од кадифе, еко кожа, памучен кепер. Содржи 23 креации, од кои речиси сите се во црна боја (како симбол на бунтовниците) и неколку силуети се во црвена (како страст за сè што се бориме). Силуетите се со волумен и асиметрични, архитектонски форми со дискретна еротичност. На креациите се вметнати детали од македонските носии, апликации во форма на баклави, реси, метални копчиња, и метални патенти како асоцијација на редениците куршуми, но сè изведено во многу современ концепт.

3

Работна атмосфера додека се подготвува колекцијата

*Дали планираш нешто посебно во однос на самата ревија, сценографијата, музиката?    

-Можам да откријам дека во однос на музиката ќе биде тоа избор од Кирил Џајковски и слични македонски артисти.

*Како Калеш Анѓа ќе ја пренесеш во денешното, модерно време? Какви жени замислуваш како современи Калеш Анѓи?

-Секоја креација е визуелна асоцијација на моќна модерна бунтовничка, на жена борец, жена со јасно изразен став.

4а

Метални патенти како асоцијација на реденици со куршуми

*Минатата сезона доби признание за најдобра колекција на Моден викенд,  кои се твоите очекувања во однос на новото претставување? Ќе ја оправдаш наградата, подготвуваш нешто уште подобро?

-Иако не е прво такво признание, сепак за мене и мојата работа претставуваше голема чест и поттик. А јас како креативец независно од какви било признанија, секогаш се трудам во моите креации да го дадам максимумот од себе и да создавам прекрасни парчиња облека.

*Што значајно се случи во периодот меѓу минатото и сегашново издание на Моден викенд? Позната си по тоа што покрај официјалните колекции прикажани на ревии на овој настан, постојано креираш нови и нови колекции кои се продаваат во твоето ателје, па што подготви во минатиов период?

-Мојот принцип на работа подразбира најмногу уникатни парчиња облека и мали лимитирани серии, тоа значи константна изработка на нови креации создавање на колекции за секоја сезона или одредени настани. Пред „Калеш Анѓа“ имавме есенска колекција наречена Deep Blue инспирирана од сите бои на морето, која беше романтична, бохо и многу женствена.

5

Силвија инспирација најде и во едно свое постаро уметничко дело

*Што после Моден викенд? Дали очекуваш колекцијата да заживее меѓу домашната публика, ама дали планираш и конечно да се презентираш надвор од Македонија?

-После FWSK во текот на ноември се подготвувам за учество на уште два проекти-ревии со мои креации и секако надополнување на колекцијата „Калеш Анѓа“ со покежуал зимски парчиња, како и новогодишна мини колекција со лимитирана серија на вечерни креации.

6

Новата колекција по инспирација, концепт и тоналитет е поразлична од претходната „Моја Африка“

FWSKАлшарКалеш Анѓамакедонска модамакедонски дизајнериМоден викендСилвија Михајловска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics