Со приказна за „обичните луѓе“ кои оставаат силен индивидуален печат со својата појава, талент, страст, силна и слаба страна, „Манго“ ја претставува новата кампања за април, A Story Of Uniqueness. Овие уникатни личности ги фотографира Анџело Пенета, а за нивниот стајлинг, кој не отскокнува многу од личниот имиџ, се погрижи Кејти Шилингфорд. Целта на кампањата е да им даде предност на личните искуства, патувања и цели на поединците, кои избираат да носат креации од шпанскиот бренд. Застапени се машки и женски модели за пролет-лето 2017. Има шаренило од понуда, од урбани и лежерни секојдневни креации, женски парчиња инспирираниод ашкиот крој, нежни романтични креации. Понудени се базични модели, како фармерки, бели маички по кратки ракави и класични кошули, но и трендовски парчиња со ситна каро шара, со карнери, отвори и пруги.
2 Коментари