Подготвени на идеите на Карл Лагерфелд за креирање различни раскошни сценографии за ревиите на „Шанел“, овојпат дизајнерот нарача градење на казино во Гран Пале како сцена за прикажување на новата колекција на висока мода за есен 2015. Модните уредници и останатите посетители се сместија во гламурозното казино, а шоуто можеше да почне откако познатите Џулиен Мур, Кристен Стјуарт и Рита Ора прошетаа на пистата и седнаа околу големиот персонализиран рулет. Лагерфелд го следи препознатливиот израз „Шанел“ и прикажа серија на комбинации со легендарнот шанел-сако, структурирани палта од твид, сатенски и вечерни фустани украсени со бисери и светки, а заврши со бел венчален костим со огромен вел кој го носеше Кендал Џенер. Посебно внимание предизвика и Лили Роуз Деп, ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, и нова муза на Лагерфелд, која на ревијата се појави заедно актерката Лили Колинс.
Нема коментари