• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Најавена филмската програма на КИНЕНОВА: Цел октомври Прво филм на Телевизија 24

Од stylist @StylistMKD · На октомври 2, 2020

kinenova (2)

Денеска во салата на Делегацијата на Европската унија во Македонија во Скопје се одржа прес конференција посветена на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“, што изобилуваше со уникатност и разноликост. На прес конференцијата се обратија Небојша Јовановиќ, директор на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ и Игор Анѓелков, програмски директор на фестивалот, кои што ексклузивно ја објавија ја програмата на КИНЕНОВА за оваа година. Освежување беше директното вклучување на овогодинешната ѕвезда на фестивалот, актерката Бранка Катиќ.

Директорот на меѓународниот фестивал, Небојша Јовановиќ го најави почетокот на петтото издание на КИНЕНОВА, кој што ќе се емитува на Телевизија 24 од 1-ви до 31-ви октомври и официјално од 8-ми до 18-ти октомври под мотото ПРВО ФИЛМ.

„Нас кризата дополнително нѐ мотивираше, бидејќи бевме свесни дека имаме мисија да продолжиме и тоа со квалитет повисок од тој кој што сме го поставиле претходно. Оваа година ја имаме можеби најобемната и најквалитетна програма до сега. Филмовите се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција-Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси“, изјави директорот Јовановиќ.

Тој изјави дека фестивалот ја продолжува традицијата да го става фокусот на главната програма, на први и втори филмови на нови режисери од цел свет.

Игор Анѓелков, програмскиот директор на фестивалот изјави дека КИНЕНОВА се приклучува на светскиот тренд кој се наметна и води кон тоа фестивалската програма да се прикажува на телевизија за да можат што повеќе луѓе да видат што нуди Меѓународниот филмски фестивал.

„Оваа година КИНЕНОВА се издвојува по супер квалитетната филмска програма, дебитантите го имаат целото внимание во програмата и пред публиката, а главниот фокус е на европските филмови, односно во фокус е шпанската кинематографија и во сите три филмови доминира Пенелопе Круз“, рече Анѓелков.

Беа објавени и имињата на членовите на двете фестивалски жирија. Голем куриозитет е што оваа година претседател на главното фестивалско жири е прославениот полски режисер Кшиштоф Зануси. Членови на истото жири се: бугарскиот наградуван режисер Драгомир Шолев и Керем Ајан, директор на најголемиот филмски фестивал во Турција, Истанбулскиот филмски фестивал.

На прес-конференцијата беа претставени и кратки сегменти од интересните моменти од интервјуто на Бранка Катиќ, добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал КИНЕНОВА за 2020 година. Во нејзиното директното вклучување, таа се заблагодари и изјави дека ова е прва награда за неа од Македонија и најави посета штом се намали опасноста од Ковид-19.

 

kinenova (1)

БРАНКА КАТИЌ: Навистина верувам дека треба да не поврзува нешто во што навистина сме добри и да учиме од другите

Оваа година ѕвезда на фестивалот „Киненова“ е актерката Бранка Катиќ. која на денешната прес-конференција во живо се вклучи во разговор со новинарите.

Навистина верувам дека треба да не поврзува нешто во што навистина сме добри и да учиме од другите, да сме отворени кон другите размислувања и други агли на гледање на нештата, отколку постојано да мислиме, ние сме најдобри, никој не е добар како нас и затоа сите ни се непријатели.

Не можеш да го игнорираш општествотот во кое живееш и она што во него навистина се случува. За мене би било потполно сеедно кој е на власт се додека гледам дека таа власт и таа влада се грижи за својот народ. Не знам како е кај вас, но мислам дека не сме толку политички зрели, сметам дека немаме толеранција, немаме слободни медиуми, слобода на изразување, едноставно немаме простор каде би слушнале поинакви мислења, а тоа веднаш да не биде сфатено како некаква критика на власта. Јас растев во социјализам и многу убаво растевме. Растевме во Југославија и тоа беше многу убава земја. Родителите добиваа станови од претријатијата за кои работеа, тоа беа тогаш државни фирми, се сеќавам дека здравствените домови беа чисти, лекарите насмеани, факултетите беа бесплатни и тоа како успех имаш на училиште одлучуваше какво место добиваш на листата на факултет, а не дали имаш пари да платиш или не. Тешко е од таков социјализам да се премине во овој премин, не знам веќе каде сме-квази неолиберален капитализам. Тешко е затоа што сите ние сме некако така воспитувани – дека сите сме еднакви и јас во тоа верувам. Верувам дека секоје човечко суштество треба да има еднакви можности и дека треба да се почитува секој човек.

Јас на тоа се сеќавам-дека ние навистина не мразевме никого, ниту Хрвати, ниту Муслимани, едноставно никој од мојот круг пријатели во Белград никогаш немал чуство на омраза кон било кого. И жалам што не успеавме да направиме нешто повеќе. Искрено жалам за она што му се случи на Сараево и на сите луѓе кои страдаа во таа војна затоа што секогаш постојат невини луѓе кои никого не мразат, но страдаат многу повеќе од оние кои подбуцнуваа, рече меѓудругото Катиќ.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics