Во стилот на филмските диви од златната ера на Холивуд, младата актерка Кирстен Данст позира за едиторијал The Farewell на Vs. Magazine. Насловната фотоприказна за магазинот, што излегува двапати годишно, ја сними Кејт Џонс. Сетот е сместен во луксузин имот во Лос Анџелес, а Данст е во улога на платинесто руса старлета од 40-тите години. Стајлингот, кој го направи Хејли Аткин, е во стилот на таа доба, но креациите се црпени од есенските колекции на модните куќи.
Нема коментари