Дизајнерката Ирина Тошева по втор пат беше дел од 3D Fashion by Lexus & Voxelworld, интернационално 3Д модно шоу што се одржа во Дизелдорф, Германија. Во рамките на Platform Fashion таа се претстави со мини колекција со 3Д елементи. Со структурна манипулација на ткаенината и со арстистичка употреба на кроење и превиткување, Ирина претстави две креации во кои се вметнати 3Д печатени детали. Дизајнерката моделите ги изработи со помош на архитектот Никола Кунгуловски и MK3D printing, со кои соработуваше и на претходната колекција „Риза“ во која употреби 3Д печатење.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари