Повеќе од 80 колоритни и динамични стајлинзи се дел од новата еклектична кампања на брендот Gucci за сезоната пред-есен 2017. Во лукбукот, снимен во стари објекти во Рим од 16-ти век, видливо е продолжувањето на приказната што дизајнерот Алесандро Микеле ја почна со претходните линии, кои се богати со детали, принтови, и смели комбинации. Застапени се модели кои се микс меѓу роментичен ретро изглед, и модерен унисекс стил. Материјалите се збогатени со везови и дезени, тантела, карнери, бисери, а комплетите се зачинети со разни додатоци како очила, брошеви, турбани, необични обувки со панделка и шари, впечатливи чанти и обетки.
Нема коментари