Американскиот дизајнер Зак Поусен оваа година го прескокна учеството на Њујоршката модна недела и наместо на модна ревија колекцијата за есен-зима 2018/19 ја претстави преку фотосесија со неговата блиска пријателка – актерката Кејти Холмс. Модната недела во Њујорк се чини дека го губи сјајот и значењето на еден од четирите главни светски модни центри, повеќето дизајнери се „преселија“ во Париз или Лондон, можеби затоа Поусен се одлучи за lookbook како формат за прикажување нови креации. А изборот на актерката не е случаен, нивното пријателство е долгогодишно, а Кејти многу често носи негови креации на црвениот килим. Фотографиите се еден вид на интимно портфолио, нешто помеѓу lookbook и сцени направени во неговото ателје, кои потоа се објавени на Инстаграм.
Фотографот Даниел Кинг ја прикажува актерката во гламурозни тоалети, тесни вечерни фустани, дамски костими и едноставни бели кошули. „Направени во рок од два дена, овие фотографии го одбележуваат моето пријателство со Кејти, и нејзината неверојатна способност да покаже различни аспекти од моите колекции, мојата посветеност за охрабрување на жената и приврзаноста и љубовта кон американскиот гламур“, изјави Зак.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари