• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ДРАГАН ХРИСТОВ:„Лудус“ зимава ќе ве згрее со Frost

Од Катерина Трајановска · На декември 20, 2013

Пред неколку години Драган Христов, дипломец на Академијата за ликовни уметнoсти во Брера, Италија, заедно со својата сестра започна дизајнерско-продажна сторија со отворањето на концептуалната продавница „Лудус“, место кое понуди поддршка на македонските модни дизајнери и каде што можеа да се купат колекциите на Росица Мршиќ, Јован Петровски, Chic Undercowear, Бурим Муслиу, Елена Спасовска, Искра Џокиќ, Александра Митковска. „Лудус“ подоцна прерасна во модна етика, на почетокот под името Ludus Loves Fashion за да се направи дистинкција од концептуалната продавница, денес веќе e позната само како „Лудус“.

Дизајнерот вели дека модната етикета настанала како одговор на потребите на клиентите од продавницата „Лудус“. Инспириран од филмот, музиката и современата уметност, Драган создава облека со експериментална основа, но која е нослива и според него спаѓа во експериментална авангарда. Неговите креации се минималистички, но во нив се користат сложени кроеви и висококвалитетни ткаенини. Новата колекција Frost можеби соодејствува со називот, потсетува на студенило и мраз што особено се забележува во колоритот на облеката, ама сиво-сините јакни и капути сигурно ќе го загреат вашето срце зимава.

Драган Христов

Иако млад, Драган досега имаше можност внимателно да ја анализира модната сцена, прво како продавач, а сега веќе како автор на мода. Во моментов е целосно посветен на развојот на својата етикета. Но, уште го држи концептот од концептуалната продавница и повремено организира поп-ап, патувачки, аутлет или други тематски продавници во Скопје и низ Македонија на кои не се промовира само себе и својата етикета, туку и македонскиот моден креативен свет.

Со него разговаравме за тоа како се роди идејата за „Лудус“ (концептуалната продавница ) и потоа „Лудус“ (модниот бренд), за брзиот успех на етикетата,  неодамнешното претставаување Полска и актуелната осма по ред колекција Frost. Ви ги претставуваме и фотографиите од официјалниот каталог кои се дело на Жарко Чулиќ, а на фотосесијата работеа и моделите Ана и Дарко, блогерката Мартина Неделоковска и тимот на Panache. Во фотосесијата е употребен накит од брендот „Капка“ на Јана Ацевска.

-Идејата за модна линија е на сестра ми, уште пред да ја отвориме концептуалната продавница. Предизвикот да се води модна линија што ќе се произведува локално во Македонија, а ќе може да се дистрибуира на странскиот пазар е нешто што го испробавме со колекциите на македонските дизајнери во продавницата „Лудус“. По некое време дојде моментот да ја лансираме и нашата модна линија која од сезона во сезона полека созрева во колекција наменета за странскиот пазар. За кратко време бевме поканети да учествуваме на „Проект Радар“ во Марибор, Словенија, заедно со најалтернативните модни дизајнери и етикети од регионот. Годинава ја претставивме последната колекција за есен-зима во Познањ, Полска, во рамките на настанот „Познањ Славик Фест 2013“.

FROST (есен-зима 2013/14)

Фото: Жарко Чулиќ/Модели: Ана и Дарко/Фризура: Грациела Ѓамовска (Panache)/Шминка: Елена Арсовска (Panache)/Накит:  Капка/Стајлинг: Мартина Неделковска

>>Што всушност подготви во новата колекција Frost?

-Колекцијата е директно инспирирана од секвенца од филмот „Соништа“ на Куросава, како и од реченица од роман на Кундера. Има за цел да го претстави студенилото како чувство преку боите во една рестриктивна палета. Од друга страна е игра на површини, кои иако контрастни меѓу себе се составен дел од целиот концепт на колекцијата. Насловена е Frost и доколку не би била модна колекција, би била расказ, песна или друга форма на изразување.

>>Деновиве ја претстави и новата фотосесија што ја фотографираше Жарко Чулиќ. Кој беше концептот на фотосесијата и колку си задоволен од моделите?

-Не сакав да работам со професионални модели за оваа сесија. Ана е моја пријателка коja има моден блог и ја цени мојата работа, сметав дека со своите андрогини карактеристики ќе ја износи добро оваа колекција. Дарко пак е многу сличен на неа, имаат ист тен, иста боја на коса. Со работата на „Лудус“ не сакам да правам јасна дистинкција меѓу машка и женска, сакам машката линија да преоѓа во женска и обратно. Токму со моделите од овој каталог почнувам суптилно да го најавувам тоа. Позајмувањето на гардероба од спротивниот пол е рефлексија на навиките на клиентите на „Лудус“.

>>Брендот „Лудус“ има оригинален пристап во модата и незадолжително се обраќа на личности со впечатлив личен стил. Сметаш ли дека естетиката на „Лудус“ си најде своја публика? 

-Со учествата на дизајнерски настани, во директен контакт со клиентите, сфативме дека има потреба од ваков вид мода. Иако естетиката на „Лудус“ е спротивна од генералната, сметаме дека имаме база на клиенти кои постојано се враќаат и ги чекаат новите колeкции. Тоа се најчесто луѓе чии професии се креативни, архитекти, дизајнери, актери…

>>Неодамна заедно со дизајнерката на накит Јана Ацевска од брендот „Капка“ бевте во Полска. Каде и како поточно се претставивте? 

-„Позњан Славик Фест“ е настан што се оддржува веќе 13 години и на полската публика и’ ги претставува новитетите од културата од Балканот. Со посебни вечери посветeни на македонската култура, жителите и посетителите на Познањ можеа да ги запознаат нашиот филм, уметност или музика. За првпат годинава беше претставенa и македонската мода преку колекциите на „Лудус“ и „Капка“, специјално подготвени за овој настан. Следеше продажен шоурум на кој наидовме на одлични реакции.

 >>Пред „Лудус“ модната етикета постоеше концептуалната продавница „Лудус“, знаеш ли дека откако се затвори не се појави слично модно-дизајнерски и изложувачко-продажен простор? Чувствуваш ли дека скопската публика има желба за таков простор?

-За жал македонскиот пазар е премал за дистрибуција на дизајнерски колекции. Овој факт се обидуваме да го надминеме со излегување на странскиот пазар, каде реакциите се секогаш повеќе од позитивни. Засега кај нас одлично функционираат поп-ап настаните кои со добро подготвен маркетинг и  таргетирање завршуваат успешно.

>>Своевремено си даде задача „Лудус“ да биде платформа на македонскиот дизајн и навистина во концептуалната продавница се промовираа и продаваа млади македонски модни дизајнери. Колку си задоволен од тој момент и зошто на крајот сепак одлучи да се посветиш на својата авторска колекција?

-Ефемерноста на овие предизвици не ми дозволува да се навраќам постојано на моментите на успех. Условени од конзумеризмот на македонските клиенти, ваквиот тип на работа во модата налага постојано да гледам кон иднината и да испробувам нови начини на промоција и продажба. Секогаш треба да се планира следниот чекор, па дури и неколку однапред. Треба да се преземаат ризици што понекогаш водат до отворање на нови врати. Таков беше случајот и со започнувањето на модната линија „Лудус“.

>>Како гледаш на развојот на домашната дизајнерска сцена и каде е местото на „Лудус“?

-Домашната дизајнерска сцена искрено и нe ја следам по затворањето на концептуалната продавница „Лудус“. За потребите на заедничките настани на кои се продава македонската мода соработувам со дизајнери што веќе се мои пријатели. Мислам дека на македонската модна сцена малку дизајнери се занимаваат со мода. Со тек на време преминуваат во свадбениот сектор запоставувајќи го својот дизајнерски талент.

>>Што го инспирира твојот креативен свет?

-Мојата работа е најмногу условена од филмот и музиката, како и од современата уметност со оглед на тоа дека мoето образование е од Академијата за ликовни уметности во Брера. Во пoследно време ми се допаѓа апстрактната електронска музика и индустријал-правецот и тие имаат извршено огромно влијание врз мојата работа. Внимавам на тоа да ги изолирам сите лоши некреативни секојдневни влијаниjа, важно ми е кои интернет сајтови ги посетувам секој ден, кои културни настани и изложби, кои ревии…

 >>Каде во моментов се продава твојата колекција?

Во моето студио, стапувајќи во контакт со мене или следејќи ја фејсбук страницата facebook.com/LUDUS клиентите може навремено да се информираат за сите продажни настани што следуваат.

 

Драган Христоведиторијалесен-зима 2013/14Жарко ЧулиќЛудусмакедонски дизајнер
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics