Кристен Виг, Шарлот Kазираги, Кара Делевињ, Елен Пејџ и Наоми Кембел се петте дами од петте различни насловни на W Magazine за месецот октомври. Најавени се како новото племство, статус кој не само што се наследува, туку се добива преку талент и напорна работа, барем така сметаат уредниците на магазинот, кои ги избраа заедно со уште неколку други легендарни жени како Анџелика Хјустон, Џоан Риверс и Стела Макартни. Фотографиите се на дуото Инез ван Ламсверде и Винод Матадин, а стајлингот го сработи Едвард Енинфул. Погледнете ги насловните и комплетната фотосесија.
Нема коментари