• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Македонија со „Наоди“ на Архитектонското биенале во Венеција

Од stylist @StylistMKD · На јуни 9, 2014

bienale6

Архитектонското биенале во Венеција, со своите 13 досегашни одржани настани е една од најпрестижните глобални архитектонски манифестациии, преку која локалните архитектонски сцени од сите меридијани (со)учествуваат во формирањето на светските трендови и текови во архитектурата. Ова, 14 по ред, архитектонско биенале во неколку аспекти се разликува од претходните – неговото времетраење е продолжено речиси двојно – Биеналето е отворено за публика од 7.06.–23.11.2014 г.. Oтворањето на манифестацијата наместо во септември, како што досега беше вообичаено е поместено за 7 јуни; а неговиот куратор – холандскиот архитект Рем Колхас, како што самиот вели овојпат ќе се обиде да го оттргне фокусот од архитектите и да го врати назад кон архитектурата, кон нејзината историја и основните елементи кои го засегаат „секој архитект, секаде и во секое време“.

bienale2

Во делот на националните претставувања, преку темата „Впивање на модерната 1914-2014“ (Absorbing Modernity 1914-2014), Колхас постави една генерална рамка замислена да ги обедини поединечните претставувања, во која секој национален претставник ќе ја вгради сопствената приказна за 100-те години архитектонски модернизам. Прифаќајќи го предизвикот да одговори на вака поставената тема на 14-тото Биенале, Македонскиот национален претставник – проектот „Наоди“ се насочува кон претставување и промоција на обемното и разновидно наследство на македонската модерна архитектура, видена низ специфичниот пример на архитектонската историја на Скопје. Проектот „Наоди“ е поднесен од страна на ЈУ Младински културен центар од Скопје. Куратор на проектот е Јован Ивановски, доцент на архитектонскиот факултет во Скопје при УКИМ, заедно со колегите-автори Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Горан Мицковски и Александар Радевски; комесар на проектот е Златко Стевковски од Младинскиот културен центар.

bienale1

Трагајќи низ историјата на градот и низ неговите архитектонски сеќавања од последното столетие, истражувачкиот проект „Наоди“ е насочен кон истражување, документирање и каталогизација на 50 архитектонски реализации од доменот на јавните згради – кои ја илустрираат специфичната историја на архитектонската модернизација на Скопје. Правејќи свесна аналогија со археологијата, истражувањето е насочено кон нивно (пре)откривање и (пре)прочитување, внимателна селекција, вреднување и препознавање на потенцијалот кои овие составни делови на модернистичкиот урбан архипелаг на градот Скопје го поседуваат. Нивното фактографско, но и креативно толкување, недвосмислено води и до прашањето на дефинирање на трајните архитектонски вредности. Во таа насока, истражувањето утврдува дека токму модернистичката архитектонска колекција – производ на неколку дистинктивни модернизациски процеси – е таа која во голема мера го одредува архитектонскиот идентитет на градот Скопје.

bienale3

Како и неколку пати до сега, Македонското претставување на Венециското биенале ќе биде сместено во рамки на историскиот простор на Арсенале, овојпат во Сала д’Арми (Sala d’Armi).
Македонскиот павиљон е замислен како слободностоечко тело (со димензии 3.33 х 3.33 м во основа и 2.25 м во висина) кое во својата структура претставува состав на повеќе основни (традиционални) изложбени елементи кои обединети во нова целина се доживуваат како една комлексна изложбена „витрина“.

bienale4

Опишано по еден инверзен редослед, витрината ги содржи следните елементи: на најгорната површина на павиљонот се наоѓа хоризонтална мрежа која го претставува „археолошкиот план“ на централното градско подрачје на Скопје. Оваа површина од околу 4км2 (2х2 км) всушност е и клучното подрачје кога станува збор за серијата последователни модернизации на градот. Горната ортогонална мрежа укажува на присуството и распоредот на различните градски фрагменти, претставувајќи го карактерот на градскиот пејзаж на Скопје како просторна збирка од недовршени и деконтекстуализирани модернизациски визии. Фрагментите, во директна и во преносна (симболичка) смисла, фрлаат сенка врз групата архитектонски модели позиционирани во зоната под нив, поставени врз една правилна ортогонална агрегација од изложбени постаменти. Архитектонските модели, кои се различни во својата материјалност – израз на нивниот материјален карактер, се ‘извлечени’ од ткивото на градот, односно од тежината на нивните непосредни соседства, нудејќи на тој начин нови читања и нови релации помеѓу нивните различни архитектонски идентитети. Празнината на витрината во која се наоѓаат може да се сфати и како метафора за седиментот на релативно „анонимната“ архитектонска маса која ги опкружува во реалниот контекст. Презентирани на овој начин, самите објекти добиваат ново значење, во смисла на вредни артефакти од една поширока (музејска) колекција.

bienale5

На надворешната површина на павиљонот, во форма на типолошки и хронолошки есеј, презентиран е хронолошки дијаграм кој ги илустрира педесетте примери, секој од нив релевантен во расветлувањето на модерната архитектонска историја на градот. Внатрешната површина на хронолошкиот дијаграм содржи креативно преработени и колажирани архивски фотографии од селектираните објекти.
Отсуството на заштитно стакло на оваа мета-витрина е свесно – од една страна обезбедува подобра врска на посетителот и изложениот материјал; од друга, метафорички се осврнува кон современата состојба на модернистичкото наследство кое е несоодветно вреднувано, незаштитено и, последователно, изложено на бројни просторни, типолошки и естетски обезвреднувања, заради кои засекогаш исчезнува од ризницата на вредни културни добра.

La Biennale di VeneziaЈован ИвановскиАлександар РадевскиАна Ивановска-ДесковаАрхитектонското БиеналеБојан КаранаковВенецијаВладимир ДесковВпивање на модерната 1914-2014Горан МицковскиЗлатко СтевковскиМакедонијаМладинскиот културен центарНаодиОгнен Марина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 00 дизајн-декор

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

  • 1 дизајн-декор

    Идеи за декорирање на празничната трпеза

  • 0 дизајн-декор

    Новогодишни скали наместо традиционална елка за поинаков празничен декор

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics